Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/10060
Title: | Ендоскопски третман на везикоуретерален рефлукс во детската возраст | Other Titles: | Endoscopic treatment of vesicoureteric reflux in children | Authors: | Risteski, Toni Petrovski, Mile Risto Simeonov Todorovikj, Lazar Chadikovski, Vladimir Memeti, Shaban Cvetanovska, Vesna Petrovska, Branka |
Keywords: | дете везикоуретерален рефлукс ендоскопски третман |
Issue Date: | 2012 | Publisher: | Association of Albanian Medical Doctors from Macedonia (AAMD – Macedonia) | Journal: | Medicus | Abstract: | Апстракт Вовед Везикоуретералниот рефлукс е секојдневен проблем со кој што се соочува детската уролошка пракса. Ендоскопскиот третман на везикоуретералниот рефлукс во детската возраст претставува атрактивна терапевтска опција со која што се избегнува долготрајната антибиотска профилакса и морбидитетот асоциран со отворените хируршки техники. Цел Целта на овој труд е да ги прикажеме нашите резултати од третманот на везико-уретералниот рефлукс по пат на ендоскопска, субтригонална инјекција на кополимерот декстраномер и хијалуронска киселина (Deflux). Материјал и метод Во периодот од 2006 до 2011 година, на Универзитетската клиника за детска хирургија со цистоскопска, субтригонална инјекција на Deflux се третирани вкупно 32 деца, од кои што 21 се женски, а 11 машки на возраст од 1 до 20 години. Третирани се вкупно 49 уретери со рефлукс од II, III и IV степен. Интервенцијата се изведуваше како еднодневна хируршка процедура во општа ендотрахеална анестезија. Децата се следени по протокол (постоперативно, по 6 недели и 6 месеци). Резултати и заклучок Кај 24 деца (32 уретери) беше спроведен целиот протокол на следење. Намалувањето за 2 степени на ВУР го оценувавме како добар резултат. Кај 22 уретери (68.75%) беше постигнат добар резултат. Од останатите 10 уретери кај 4 деца се повтори процедурата, со успешност од 50%. Оваа минимално инвазивна процедура кај децата со ВУР од II-IV степен е супериорна метода на лекување како од медицински, така и од финансиски аспект. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/10060 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Endoskopski tretman na VUR.doc | 468.5 kB | Microsoft Word | View/Open |
Page view(s)
233
checked on Jul 24, 2024
Download(s)
173
checked on Jul 24, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.