Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10093
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorRisteski, Ten_US
dc.contributor.authorSimeonov Ren_US
dc.contributor.authorCvetanoska Ven_US
dc.contributor.authorPetrovski, Men_US
dc.date.accessioned2021-02-15T11:55:57Z-
dc.date.available2021-02-15T11:55:57Z-
dc.date.issued2017-
dc.identifier.otherUDK:616.383.9-007.43-089.844-055.25-
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/10093-
dc.description.abstractВовед: Ингвиналната хернија претставува најчеста причина за консултација со детски хирург, и е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Инциденцијата на индиректна ингвинална хернија изнесува од 0.8-4.4%. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно, за што постојат повеќе хируршки техники на отворени и минимално инвазивни лапароскопски техники. Цел: Целта на оваа студија е да укаже на дескриптивните карактеристики на првичните случаи на примена на лапароскопската херниопластика како техника за лекување кај женски деца со дијагностицирана вродена индиректна ингвинална хернија. Матерјал и методи: Истражувањето претставува дескриптивна студија во која е користен клинички материјал од Универзитетската Клиника за детска хирургија во Скопје. Примерокот опфаќа вкупно десет женски деца на возраст од 0-14 години кај кои во периодот од 2014/15 година, со клинички преглед, е дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Испитаниците во примерокот се третирани со лапароскопски херниопластика Резултати: Просечната возраст на испитаниците изнесува 79,2±36,3 месеци со минимум 36 и максимум 168 месеци. Според страната на локација на ингвиналната хернија, кај 7 (70%) од пациентите таа е деснострана, кај 2 (20%) е левострана и кај 1 (10%) е билатерална. Во тек на лапароскопската експлорација за ингвинална херниопластика, како случаен наод се најдени две конкомитантни ингвинални херниии и истите се сутурирани со истата техника во еден акт. кај 50% од испитаниците интервенцијата траела пократко од 26 (23 - 31) минути. Должината на престојот во болница изнесува 10,8±3,1 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 часа а најдолгиот 18 часа. Педесет посто од децата заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа. Просечното време до вертикализација во кревет изнесува 4,1±0,9 часови со минимум од 3 и максимум од 6 часови. Аналгезија, поради жалење на болка е дадена само кај 2 (20%) од децата. Кај 50% од децата должината на белегот е помала од 2мм. Кај сите случаи (100%) белегот е тешко приметлив, а само кај 1 (10%) постои неопределен став во однос на тоа дали тој нарушува естетика. За време на 6 месечниот постоперативен период на следење, нема рекурентни хернии на пациентите. Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен во лекувањето на ингвиналната хернија кај женските деца е минимално инвазивна процедура која дава предности во однос на намалување на постоперативната болка, намален престој во болница, брзо враќање на нормалните активности, како и одличен козметички ефект.en_US
dc.language.isomken_US
dc.publisherMedical Faculty, Ss. Cyril and Methodius University in Skopjeen_US
dc.relation.ispartofPhysioactaen_US
dc.subjectингвинална хернијаen_US
dc.subjectдецаen_US
dc.subjectлапароскопска интервенцијаen_US
dc.subjectминимална инвазивностen_US
dc.titleLaparoscopic hernioplasty in the treatment of female inguinal hernias in children ageen_US
dc.title.alternativeЛапароскопска херниопластика во лекувањето на ингвинална хернија кај женски деца во детска возрастen_US
dc.typeArticleen_US
item.grantfulltextopen-
item.fulltextWith Fulltext-
crisitem.author.deptFaculty of Medicine-
crisitem.author.deptFaculty of Medicine-
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles
Files in This Item:
File SizeFormat 
Toni Risteski PHYSIOACTA 2017.docx1.31 MBMicrosoft Word XMLView/Open
Show simple item record

Page view(s)

93
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

20
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.