Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/10111
Title: | Comparison of postoperative effects of laparoscopic and open appendectomy in pediatric patients | Authors: | Simeoniv, R Risteski, T Cvetanoska, V Petrovski, M |
Keywords: | дете акутен апендицитис лапароскопска апендектомија отворена апендектомија постоперативни ефекти |
Issue Date: | 2017 | Publisher: | Medical Faculty, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje | Journal: | Physioacta | Abstract: | Вовед: Акутниот апендицитис најчесто се јавува кај децата, адолесцентите и младите до 25 години. Инциденцата e најниска во неонаталниот период, а највисока кај возрасната група од 12 до 16 години. Состојбата на акутен апендицитис налага брз хируршки третман, кој е препорачливо да бите направен во првите 48 часа од почетокот на симптомите. И покрај многубројните научни полемики во правец на поддржување на класичната односно лапарсокопската апендектомија, сеуште нема званичен консензус по ова прашање. Цел: Истражувањето има за цел да ги спореди пост-оперативните ефекти од лапароскопската и отворена апендектомија кај педијатриски пациенти со акутен апендицитис. Материјал и методи: Истражувањето е спроведено на Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје во периодот 2015/2016 година како дел од едноцетрична рандомизирана клиничка студија. Обработени се материјали на педијатриски пациенти со клинички дијагностициран акутен апендицитис. Примерокот го сочинуваат вкупно 30 деца на возраст од 4-14 години третирани со лапароскопска (ЛА) односно отворена апендектомија (ОА). Податоците од интерес за истражувањето вклучуваат должина на интервенција, време до прво испиштање на гасови/ внес на течности/ внес на храна, должина на хоспитализација, употреба на аналгетици/антибиотци и задоволство од естетски изглед. Резултати: Во примерокот, со машки пол во групата со ЛА т.е. ОА биле консеквентно 10 (66,67%) vs. 11 (33,33%). Просечната возраст на испитаниците изнесувала 120,8±42,4 v.s. 115,2±35,1 месеци, со минимум старост од 48 v.s. 60 месеци и максимум старост од 168 месеци во двете групи (p>0,05). Со температура над 37,50Ц при прием биле 6 (40%) деца во групата со РА и 5 (33,3%) во групата со ОМ (p>0,05). Просечното времетрање на интервенцијата во групата со ЛА односно ОА изнесувало 43,9±7,1 v.s 42,1±2,6 минути (p>0,05). Анализата на времето до првото испуштање на гасови во групата со РА односно ОА изнесува 4,3±0,5 v.s 4,4±0,6 часови (p>0,05). Со перорален внес на течности односно храна пациентите започнале после консеквентно 7,3±1,5 и 9,4±1,9 часови во групата третирана со РА и 7,6±1,8 и после 9,5±1,8 часови во групата третирана со ОА (p>0,05). Должината на престојот во болница изнесува 2,9±0,7 во групата со ЛА и 5,7±1,1 дена во групата со ОА (p<0,05). Санирањето на постоперативната болка укажа дека просечниот број на дози на аналгетици дадени на децата третирани со ЛА изнесува 1,8±0,8, а кај ОА изнесува 2,5±0,9 (p<0,05) Анализата укажа дека, за p>0,05, испитаниците од двете групи не се разликуват сигнификантно во однос на оценувањето на задоволството од козметичкиот изглед на белегот. Заклучок: Иако нашето искуство е мало, ние сме охрабрени да продолжиме со лапароскопска апендектомија. Со добра обука, подобрување на хируршката техника, лапароскопската апендектомија се повеќе ќе станува хируршка процедува од избор при третман на акутен апендицитис во детска возраст. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/10111 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Journal Articles |
Show full item record
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.