Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/10305
Title: | Примена на методите за проценка на ризик во услови на високо урбано аерозагадување во РМ | Authors: | Димовска, Мирјана | Keywords: | загадување на воздух суспендирани честички проценка на ризик по здравје смртност проценка на оптоварување со болести |
Issue Date: | Jan-2019 | Source: | Dimovska M. Application of risk assessment methods in conditions of high urban air pollution in the Republic of Macedonia. Doctoral Thesis. January 2019. Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Faculty of Medicine-Skopje. (In Macedonian). | Abstract: | Вовед: Урбаното загадување на воздухот е на пат да стане водечки ризик фактор од животната средина како причина за смрт ширум светот до 2050 година. Бројот на предвремени смртни случаи заради изложеност на загаден воздух со суспендирани (РМ) честички, се зголемил од 3.5 милиони во 1990 година на 4.2 милиони во 2015 година. Во европскиот регион на Светската здравствена организација, таа изложеност е причина за намалување на животниот век (Life expectancy) на секој човек во просек од речиси една година главно заради зголемениот ризик од кардиоваскуларни, респираторни заболувања и рак на бели дробови. Иако загадувањето на амбиентниот воздух со РМ-честички претставува сериозен јавно-здравствен проблем во градовите во Република Македонија, засега постојат недоволен број епидемиолошки студии кои го потврдуваат тоа. Цели: Главна цел на студијата е да се направи квантификација на здравствените ефекти и оптовареноста со болести од загадениот воздух во високо загадените градови во Република Македонија, со примена на различни методолошки пристапи и индикатори за проценка на ризик, како и проценка на придобивките по здравјето на населението од примена на целни политики и акции кои би ги намалиле концентрациите на загадувачките материи до пропишаните гранични нивоа на ЕУ или СЗО. Материјали и методи: Студијата претставува ретроспективна дескриптивноаналитичка студија која ја истражува врската помеѓу изложеноста на населението на тековното загадување на амбиентниот воздух и смртноста (општа и специфична). Просторно, студијата се спроведе на подрачјето на Скопскиот Регион и општина Тетово во периодот од 1 јануари 2012 до 31 декември 2016 година, анализирана е општата смртност (сите причини за смрт освен надворешни) и специфичната смртност (кардиореспираторни болести и рак на дишни патишта), кај лица на возраст над 25 години. За процена на оптоварувањето со болести се примени методот на проценка на влијанијата врз здравјето и проценка на влијанијата врз здравјето со употреба на индикаторот за години на изгубен живот (YLL). За проценка на придобивките по здравјето се поставија три хипотетички сценарија. Статистичката обработка на податоците се изврши со користење на SPSS Syntax софтвер. За тестирање на предиктивната вредност на селектираните загадувачки материи врз смртноста, се примени методот на униваријантна линеарна регресија. Резултати: Проценетото влијание на загадениот воздух со суспендирани честички врз смртноста е значително. РМ-честичките се добри предиктори на смртноста од сите причини (освен надворешни) и кардиопулмонарната смртност во Скопски Регион, како и во Тетово за кардиопулмонарната смртност. Во Скопскиот Регион 1205 животи годишно се губат заради изложеност на тековните нивоа на РМ2.5, додека во Тетово 265. Во Скопскиот Регион, 120 смртни случаи од рак на бели дробови се припишуваат на РМ2.5 честичките, што изнесува 39 % од вкупната смртност од овие малигни неоплазми, додека во Тетово 19 смртни случаи, што претставува 61 % од вкупната смртност од овие малигноми. Проценетото оптоварување со болести од сите причини е највисоко во Тетово каде годишно се губат 10,343 години на здрав живот (11,216/100,000), додека во Скопскиот Регион се проценети 30,256 YLL (4821/100,000). Доколку со целни интерсекторски политики и организирани акции се постигнат граничните вредности на ЕУ, 45 % од атрибутивната општа смртност во Скопски Регион и високи 75 % во Тетово може да се избегне, а доколку се постигнат граничните вредности на СЗО, намалувањето на атрибутивната смртност ќе изнесува 80 % и 91 %. Заклучно согледување: И покрај одредени ограничувањата, оваа студија и проценките обезбедуваат вреден придонес за националните и локалните политики во справување со овој најголем здравствено-еколошки проблем во државата. Клучни зборови: Загадување на воздух, суспендирани честички, проценка на ризик по здравје, смртност, проценка на оптоварување со болести. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/10305 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: PhD Theses |
Show full item record
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.