Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10898
Title: Имунохематолошка дијагностика и менаџмент на алосензибилизациите во тек на бременост кон антигените од Rh-крвногрупниот систем
Authors: Емилија Велкова 
Keywords: Хемолитичка болест на новородено (HBFN)
антитела
eритроцитни антигени
алоимунизација
сензибилизација
субкласи на IgG, анти-D Ig
профилакса (RhIG)
Rh крвногрупен систем
фетоматернална хеморагија (FMH)
фетална DNK
проточна цитометрија
Issue Date: 2015
Abstract: Вовед: Алоимунизација на мајката, т.е имунизација во текот на бременост се дефинира како присуство на нерегуларни антиеритроцитни алоантитела во крвта на бремена жена, кои теоретски можат да предизвикаат HBFN. Кога еднаш ќе се создат антитела, со текот на времето тие можат да станат невидливи, но при ново изложување на антигенот, имунолошкиот систем ќе реагира со рапидно зголемување на количината на антителата. Цел: Цел на оваа студија е да се дефинира епидемиологијата на анти-D алоимунизацијата во тек на бременоста и одредување на нејзината преваленца. Да се одреди предиктивната вредност на количината и типот на антиеритроцитните антитела од Rh крвногрупниот систем и нивна корелација со клиничката слика на фетусот/новороденото. Да се предложи препорака за национална стратегија за фреквенцијата и дозирањето на антенаталната профилакса, во согласност со одредувањето на количината на фетоматерналната хеморагија (FMH) со проточна цитометрија. Да се предложи протокол за имунохематолошки испитувања кај алосензибилизирани бремени жени кон еритроцитните антигени и детекција на RhD статусот на фетусот со PCR фетална DNK. Материјал и методи: Во студијата ретроспективно и проспективано опфатени сe 22009 бремени жени, кандидати за имунохематолошки испитувања во тек на 10 години, од 2004 -2014 година. Проспективно се опфатени: 250 новородени, на RhD-негативни мајки,200 биолошки татковци на фетус/плод на RhD-негативни жени. Kaj 80 RhD-негативни бремени жени е детектирана и квантифицирана FMH со проточна цитометрија, а кај 30 е детектиран RhD статусот на плодот со PCR техника, од плазма на мајката. Тестирањата се изведуваа од серумот, плазмата и еритроцитите од венска крв, без антикоагуланс и/или EDTA, не постара од 24 часа. За новороденчината тестирањата се изведуваа од венска и од папочна крв без антикоагуланс и/или EDTA, не постара од 24 часа. Кај сите испитаници во студијата изведувани се имунохематолошки тестирања: o крвногрупна типизација на еритроцитните антигени, o скрининг на ирегуларни антиеритроцитни антитела (индиректен антихуман глобулински тест, ензимски тест и директен антихуман глобулински тест) Кај испитаниците кај кои скрининг тестовите покажаа позитивен резултат, беа извршени додатни имунохематолошки тестирања: o идентификација на антитела со повеќе комерцијални панели, o елуција на антитела, o квантитативно одредување на антиеритроцитните антитела со метода на титрација, o одредување на субкласата на анти-D антителата, o одредување на RhD статусот на фетусот со PCR фетална DNK. FMH беше одредена со метода на проточна цитометрија Добиените податоци се анализирани и обработени со помош на повеќе статистички методи. Резултати: Од вкупно 22009 бремени жени, антиеритроцитни антитела кон антигените од Rh системот беа детектирани кај 205 бремени жени, со идентификација на вкупно 237 антиеритроцитни антитела. Од нив, кај 169 беше идентифицирана сензибилизација само кон RhD антигенот, кај 1 кон С, с 1 и Е 1; кај 36 бремени беа присутни мултипли антитела, анти: -D+C 26, - D +Е 3, D+С+К 2, -D+ Jkb 1 и D+ Lea 1. 65,35% од сензибилизираните кон RhD антигенот не пимиле рутинска антенатална анти-D профилакса (ААДП), не е спроведена профилакса после сензитизирачка атака и абортус или е несоодветно спроведена профилакса во тек на бременоста. Кај 17.07% бремени не е спроведена постпартум профилакса, а кај 9.26% се детектирани анти-D антителата пред 28 г.н. FMH се забележува кај: 5% од жените за време на првото тромесечие од бременоста, кај 15% за време на второто тромесечие, кај 45% за време на третото тромесечие и кај 60% од родиликите. Во студијата беа испитани примероци од 45 новороденчиња на сензибилизирани бремени жени со анти-D антитела. Од 15 новородени со детектирани IgG1 антитела, 7 покажаа интензивна, 8 HBFN од среден или слаб сепен без терапија. IgG1 зедно со IgG3 беше детектирано кај 25 бремени жени. Од нив16 новороденчиња развија тешка HBFN, 9 беа со симптоми на HBFN од среден степен. Во 3 случаи каде беше детектирано само IgG3 анти- D антитело, новородените развија клиничка слика на HBFN од послаб или среден степен. Во два случаи бременоста заврши со мртов плод. Кај 22,91% новородени немаше симптоми на HBFN или тие беа со многу слаба симптоматологија. Од нив 8 беа со титар 8-32, 2 со титар 32-512 и само 1 со титар над 512. 54.16% новородени беа со симптоми на средно тешка HBFN, од кои 21 со титар на антитела во серумот на мајката до 32 и 5 со титар 32-512. Тешка HBFN се појави кај 22,91% новородени, 3 со титар до 32, 5 до 512, 2 над 512 и 1 заврши како фетална смрт, со титар над 1000. Вкупно 30 RhD-негативни бремени жени, од 12 г.н. до 31 г.н., беа тестирани со Real time PCR. Биолошкиот татко беше фенотипизиран како хетерозиготен на RhD антигенот. Резултатите покажа дека 30% од фетусите се RhD-негативни, а 70% се RhD-позитивни. Заклучок: Преваленцата на алосензибилизацијата во текот на бременоста кон Rh еритроцитните антигени изнесува 6,09%, а кон RhD 4.74%. Етиологијата на сензибилизацијата кај најголем дел од сензибилизираните е не почитување на RhIG профилаксата. Потребно е изготвување на Национална програма за RhD имунизацијата во бременоста, со ревизија на постоечките протоколи за RhD профилакса во тек на бременоста и по породувањето.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/10898
Appears in Collections:Faculty of Medicine: PhD Theses

Show full item record

Page view(s)

469
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.