Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/11512
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorТони Ристескиen_US
dc.contributor.authorРисто Симеоновen_US
dc.contributor.authorЊјомза Љуманиen_US
dc.contributor.authorНаталија Цоклескаen_US
dc.date.accessioned2021-03-24T13:17:47Z-
dc.date.available2021-03-24T13:17:47Z-
dc.date.issued2017-
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/11512-
dc.description.abstractАБСТРАКТ Вовед: Ингвиналната хернија претставува најчеста причина за консултација со детски хирург, и е една од најчесто изведуваните операции во детската хирургија. Индиректна ингвинална хернија се јавува со инциденца од од 0.8-4.4%. Лекувањето на ингвиналната хернија е оперативно.Постојат хируршки техники на конвенционална и лапароскопски техника. Цел: Целта на оваа студија е да се прикажат првичните случаи на примена на лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен за лекување кај женски деца со дијагностицирана вродена индиректна ингвинална хернија. Матерјал и методи: Истражувањето претставува дескриптивна студија во која е користен клинички материјал од Универзитетската Клиника за детска хирургија во Скопје. Опфатени се вкупно десет женски деца на возраст од 0-14 години кај кои со клинички преглед е дијагностицирана индиректна ингвинална хернија. Испитаниците во примерокот се третирани со лапароскопски херниопластика . Резултати: Според страната на локација на ингвиналната хернија, кај 7 (70%) од пациентите таа е деснострана, кај 2 (20%) е левострана и кај 1 (10%) е билатерална. Просечната возраст изнесува 79,2±36,3 месеци со минимум 36 и максимум 168 месеци. Во тек самата интервенција се експлорирани и контралатералните ингвинални прстени и како случаен наод се најдени две конкомитантни ингвинални херниии и истите се сутурирани со истата техника во еден акт. Кај 50% од децата интервенцијата траела 26 (23 - 31) минути. Должината на престојот во болница изнесува 10,8±3,1 часови. Најкраткиот престој изнесува 8 часа а најдолгиот 18 часа. Просечното време до вертикализација во кревет изнесува 4,1±0,9 часови со минимум од 3 и максимум од 6 часови. Педесет посто од децата заземале нормална положба во кревет за помалку од 4 часа. Аналгезија, поради болка е дадена само кај 2 (20%) од децата. Кај 50% од децата должината на белегот е помала од 2мм. Кај сите случаи (100%) белегот е тешко приметлив, а само кај 1 (10%) постои неопределен став во однос на тоа дали тој нарушува естетика.За време на 6 месечниот постоперативен период на следење, нема рекурентни хернии на пациентите. Заклучок: Лапароскопски асистирана техника на перкутано затворање на внатрешниот ингвинален прстен во лекувањето на ингвиналната хернија кај женските деца е минимално инвазивна техника. Иако ни е потребно повеќе искуство лапароскопската техника дава повеќе предности како безбедна и ефективна техника, со намалена постоперативната болка, намален престој во болница, побрзо враќање на нормалните активности, како и одличен козметички ефект.en_US
dc.language.isomken_US
dc.subjectингвинална хернијаen_US
dc.subjectдецаen_US
dc.subjectлапароскопска херниопластикаen_US
dc.titleПрвични искуства со лапароскопска херниопластика за третман на ингвинална хернија кај децаen_US
dc.typeProceeding articleen_US
dc.relation.conferenceCongress of association of Abanian Medical Doctors in Macedonia XXII, 2017, Strugaen_US
item.fulltextWith Fulltext-
item.grantfulltextopen-
crisitem.author.deptFaculty of Medicine-
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers
Files in This Item:
File Description SizeFormat 
AC1CDE74-FBF3-471B-B4E8-905FA967AE06.jpeg1.24 MBJPEGThumbnail
View/Open
FD0F43C5-849A-44FD-B805-D4F62E83131C.jpeg2.7 MBJPEGThumbnail
View/Open
Show simple item record

Page view(s)

90
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

13
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.