Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/11675
Наслов: | Застапеноста на Биофидбек-методата како начин и средство за подобрување на музичките перформанси кај студентите по пијано во Република Македонија | Authors: | Елена Атанасовска-Ивановска | Keywords: | редство за подобрување на музичките перформанси кај студентите по пијано, Биофидбек-методата како техника за справување со сценската трема | Issue Date: | 16-апр-2018 | Publisher: | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Факултет за Музичка Уметност | Abstract: | Докторскиот труд „Застапеноста на Биофидбек-методата како начин и средство за подобрување на музичките перформанси кај студентите по пијано во Република Македонија“ претставува сериозен обид за збогатување на македонската научна мисла во областа која се занимава со прашањето за сценската трема и техниките за справување со неа кај музичарите изведувачи. Трудот ја третира проблематиката на Биофидбек-методата како техника за справување со сценската трема, со цел подобрување на музичките перформанси кај студентите по пијано во Република Македонија. Трудот е конципиран на тој начин што содржи теориско дефинирање на проблемот, како и емпириско истражување при коешто се користени повеќе методи (анализа на содржина, компаративна анализа, интервјуа и анкетен прашалник). При тоа, проблемот е јасно поставен, а тезата и заклучоците се доследно аргументирани. Вака структуриран, овој научен труд има научни и практични цели. Неговата основна научна цел е да се добие комплетно сознание за застапеноста на Биофидбек-методата кај студентите по пијано, а неговата основна практична цел е да се создаде труд кој ќе им користи на студентите по пијано во насока на подобрување на музичките перформанси кај нив. Истовремено, овој труд претставува појдовна точка за понатамошни истражувања од ваков вид. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/11675 |
Appears in Collections: | Faculty of Music: PhD Theses |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Докторат 05.03.2018-лекторирано_прифатен.pdf | ЗАСТАПЕНОСТА НА БИОФИДБЕК-МЕТОДАТА КАКО НАЧИН И СРЕДСТВО ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА МУЗИЧКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ КАЈ СТУДЕНТИТЕ ПО ПИЈАНО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА | 1.48 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
148
checked on 24.7.2024
Download(s)
111
checked on 24.7.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.