Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/16518
Title: | БАЛЕТСКО НАСЛЕДСТВО: КЛАСИФИКАЦИЈА, СОСТАВ И КАРАКТЕРИСТИКИ | Authors: | Здравкова-Џепароска, Соња | Keywords: | балет, наследство, сценски текст, кореографија, трансферирање | Issue Date: | Jan-2022 | Publisher: | Руски центар, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ | Conference: | Руски јазик, литература и култура: минато, сегашност, иднина 3 | Abstract: | Балетското наследство e поврзано со најзначајните наслови во светската балетска продукција „Лебедово езеро“, „Заспаната убавица“, „Рајмонда“ др. Оваа група, т.н. „железен репертоар“, е основа во градење на програмата на сите позначајни светски театри. Прашањето што се отвора е кои дела спаѓаат во оваа група, односно според кои критериуми се селектирани делата во неа. Круцијалниот критериум е поврзан со сегментот што спаѓа во изведувачкиот пласт. Аналогно на другите сценски изведувачки практики, појдовната фиксирана матрица се моделира и се реализира преку сценскиот текст. Cценскиот текст во балетската, односно во танцовата уметност е изедначен со кореографијата и претставува клучен елемент за класификација на едно дело во групата на класично наследство. Овие претстави се во најголем дел поврзани со кореографската дејност што се одвивала кон крајот на XIX век, доминантно создадена во театрите во Русија. Вториот особено значаен ракурс во третманот на оваа проблематика е начинот на зачувување и трансферирање на кореографијата. Кога станува збор за балетското наследство и третманот на оваа група претстави може да се утврди тенденција за уметничка интервенција на нив, со цел зачувување на танцовите корпуси и осовременување на деловите што се анахрони и застарени. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/16518 | DOI: | 10.5281/zenodo.6046061 |
Appears in Collections: | Faculty of Music: Conference papers |
Show full item record
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.