Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/16966
Title: | Основи за раскин на договорот за продажба според Конвенцијата на Обединетите Нации за договорите за меѓународна продажба на стоки (1980) | Authors: | Коцев, Љубен | Keywords: | Виенска конвенција, раскин на договор, суштествена повреда, меѓународно трговско право | Issue Date: | 2020 | Publisher: | Економски факултет - Скопје | Source: | Коцев, Љ. (2020). Основи за раскин на договорот за продажба според Конвенцијата на Обединетите Нации за договорите за меѓународна продажба на стоки (1980). Годишник на Економски Факултет - Скопје, том 55, 107-120 | Journal: | Годишник на Економски Факултет, том 55, 2020 | Abstract: | Меѓународната трговија на стоки денес се одвива со динамично темпо. Вообичаено е да се склучуваат бројни договори помеѓу купувачи и продавачи од најразлични делови на светот. Во голем број на случаи договорите за продажба се склучуваат помеѓу лица кои не се познаваат, и кои можеби никогаш нема да се сретнат. Овие договорни односи се под влијание на огромен број општествени и природни фактори. Многу често, една од страните е спречена од објективни или субјективни причини да ја исполни во целост или делумно својата обврска од договорот. Имајќи ја предвид вредноста на договорите за меѓународна трговска продажба, неправилно раскинување на договорот може да доведе до плаќање огромни суми како надомест на штета. Поради ова, од огромно значење е за страните кои се оштетени да имаат правна сигурност, и да знаат под кои услови можат да го раскинат договорот без да трпат штетни последици. Конвенцијата на Обединетите нации за меѓународна продажба на стоки (во понатамошниот текст Виенска конвенција) е еден од најзначајните правни инструменти во областа на меѓународното трговско право, и најважен правен инструмент во доменот на меѓународната трговска продажба. Имајќи ја предвид широкораспространетата употреба на Виенската конвенција, како и огромниот бројот на случаи пред судовите и арбитражните трибунали кои решаваат спорови применувајќи ги нејзините одредби, сметаме дека е неопходно во овој труд да се даде разработка на основите за раскин на договорот предвидени во Конвенцијата. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/16966 |
Appears in Collections: | Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Љубен Коцев.pdf | 748.5 kB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
106
checked on Jul 24, 2024
Download(s)
125
checked on Jul 24, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.