Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/17264
Title: АНАЛИЗА НА КАУЗАЛНОСТА ПОМЕЃУ ЗДРАВЈЕТО КАКО ДЕТЕРМИНАНТА НА ЧОВЕЧКИОТ КАПИТАЛ И ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Authors: Цветаноска, Маријана 
Трпески, Предраг 
Keywords: економски раст, здравје, очекуван век на живеење, човечки капитал.
Issue Date: 2020
Publisher: Економски факултет - Скопје
Source: Цветаноска, М. & Трпески, П. (2020). Анализа на каузалноста помеѓу здравјето како детерминанта на човечкиот капитал и економскиот раст во Северна Македонија. Годишник на Економски факултет - Скопје. Економски факултет - Скопје
Journal: Годишник на Економски факултет - Скопје
Abstract: Врската помеѓу здравјето и бруто-домашниот производ е во фокусот на голем број истражувања, чиј консензус е постоење силна и позитивна корелација помеѓу овие две варијабли на агрегатно ниво. Здравствените перформанси и економските перформанси се меѓусебно поврзани. Здравјето се мери со голем број индикатори, а најчести се очекуваниот животен век, стапката на смртност кај новороденчињата и стапката на плодност. Целта на овој труд е да се испита врската помеѓу здравјето и економскиот раст, бидејќи повеќето емпириски докази покажуваат дека здравата популација може да се смета како мотор за економскиот раст. Поради тоа, оваа студија е наменета да утврди дали постои каузалност, односно причинско-последична врска помеѓу очекуваниот век на живеење и БДП по глава на жител, и ако има во која насока. Оттука, Granger тестот за каузалност преку пристапот Toda - Yamamoto е искористен за да се испита причинско-последичната врска, односно за да се одговори на прашањето дали промените во здравјето следуваат по промените во бруто-домашниот производ или промените во растот следуваат по промените во здравјето. Резултатите покажаа дека постои еднонасочна причинско-последична врска, и тоа од здравјето (мерено преку очекуваниот век на живеење) кон економскиот раст, и дека согласно тестот за каузалност здравјето предизвикува промени, односно влијае врз економскиот раст во Северна Македонија со временско задоцнување од 3 години. Ваквите импликации се важни и треба да се имаат предвид при носење на идните одлуки од страна на креаторите на макроекономските политики.
URI: 330.55]:331.101.262:613.86}:303.725.3(497.7)
http://hdl.handle.net/20.500.12188/17264
Appears in Collections:Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Godisnik-2020.pdf3.17 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

74
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

13
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.