Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21528
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorAtanaskova Petrov, Elenaen_US
dc.date.accessioned2022-07-25T07:40:33Z-
dc.date.available2022-07-25T07:40:33Z-
dc.date.issued2018-
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/21528-
dc.description.abstractЗаболувањето моноцитна ерлихиоза кај кучињата (МЕК) е предизвикано од грам-негативнатa облигаторна интрацелуларна и високо плеоморфна бактерија Ehrlichia canis. Главниот вектор за пренесување на болеста е кафениот крлеж Rhipicephalus sanguineus. Инфекцијата со E. canis кај кучињата може да помине асимптоматски со месеци или брзо да се развијат сериозни клинички симптоми. Се работи за мултисистемско заболување кое се манифестира во акутна, супклиничка или хронична форма. Присуството на ова заболување во земјите соседни на Република Македонија, како и голем број случаи во секојдневата клиничка практика нѐ поттикнаа да го започнеме ова истражување, со особен акцент на клиничките карактеристики, лабораториската дијагностика, спроведување на терапевтскиот протокол и следење на неговата успешност. Во ова истражување беше опфатена хетерогена популација од вкупно 124 (84 болни и 40 здрави) кучиња. Кучињата беа од различна раса, пол и возраст, од територијата на Град Скопје. Детална анамнеза, комплетен клинички преглед, крвна слика, биохемиска анализа на серумот, Ц-реактивен протеин, серолошки и молекуларни тестирања беа направени кај кучињата сомнителни за моноцитна ерлихиоза. Од серолопшките тестови се користеа брзите дијагностички тестови и индиректна ELISA, додека за детекција на DNK од Ehrlichia canis беше користен qPCR. Дополнително, сите болни кучиња беа тестирани за присуството на антитела за Leishmania infantum со методот на IFAT, поради можноста за коинфекција со оваа протозоа. Кај сите болни кучиња беше спроведен терапевтски протокол со доксициклин (10 mg/kg/24 h - 28 дена) и кај еден дел од нив (43) е направена контрола по завршување на терапијата. За статистичка анализа на податоците беа користени повеќе тестови: клиничката манифестација на болеста со дескриптивна статистика и Fisher exact test, анализата на хематолошките и биохемиските резултати беше направена со помош на Shapiro-Wilk - тест за дистрибуција на податоците, Mann-Whitney U Test и/или Студентов Т-тест, Wilcoxon Matched Pairs Test и Т-тест на зависни примероци, а серолошките тестови беа споредувани со „Анализа на совпаѓање“ (Agreement analysis) и Cohen’s Kappa Statistics, 2x2 Contingency tables и Пирсонов хи-квадрат тест на независни варијабли. Како најчест клинички симптом во групата болни кучиња беше покачената телесна температура (87,84 %,) анорексија (77,03 %), апатија/слабост (74,32 %) и бледи лигавици (56,76 %). Генерално гледано, тромбоцитопенијата беше присутна кај 95,24 %,намален број на еритроцити кај 75 %. Статистички значителна разлика (p < 0,01) помеѓу болни и здрави животни беше забележана во однос на албумини и вкупни протеини, како и алкална фосфатаза. Анализите на резултатите добиени за Ц-реактивниот протеин не покажаа статистичка значителност. Серолошки позитивни беа прогласени примероците кои дадоа позитивен резултат на еден тест, сите 84 болни кучиња беа позитивни барем на еден од тестовите. Сите болни кучиња беа тестирани за присуство на L. infantum и 28,6 % покажаа позитивен резултат. Молекуларната дијагностика покажа дека од сите болни кучиња, позитивни на DNK за E. canis беа 45 %. При споредбата на резултатите од секој серолошки тест со qPCR се доби заклучок дека ниту еден од серолошките тестови не е усогласен со qPCR. Комплетното повлекување на клиничките симптоми, подобрување на хематолошките и биохемиските резултати, како и негативен резултат на qPCR беа потврда за успешност на терапевтскиот протокол.en_US
dc.language.isomken_US
dc.subjectкучиња, Ehrlichia canis, PCR, ELISAen_US
dc.titleКЛИНИЧКИ И ДИЈАГНОСТИЧКИ ПРИСТАП КАЈ КУЧЕШКАТА МОНОЦИТНА ЕРЛИХИОЗА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАen_US
dc.typeThesisen_US
item.grantfulltextopen-
item.fulltextWith Fulltext-
Appears in Collections:Faculty of Veterinary Medicine: PhD Theses
Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Doktorat-E.A.P kon.pdf1.49 MBAdobe PDFView/Open
Show simple item record

Page view(s)

86
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

45
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.