Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21964
Title: Принципи на работа на наставникот во сферата на духовното воспитание и образование
Other Titles: Годишен зборник, Книга 21-22
Authors: Aneta Jovkovska
Keywords: наставни принципи, начела, општи и специфични принципи, принципи на духовно воспитание
Issue Date: 2016
Publisher: Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје
Source: Јовковска Анета, „Принципи на работа на наставникот во сферата на духовното воспитание и образование“, Годишен зборник, Книга 21-22, Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ - Скопје, Скопје, 2015-2016, (123-138).
Abstract: Наставните принципи треба да бидат ориентациска точка за делување во наставата која вклучува духовно воспитание. Тие влијаат на одлуките за наставните цели, наставните содржини и наставните методи. Отвораат и нови гледишта на анализата и планирањето на наставата. Принципите се конкретни и ограничени на концептот на православното христијанско воспитание, а од друга страна се општи преку упатствата за методско делување. Тие секогаш делуваат во систем, дополнувајќи се и развивајќи се еден со друг. Така, во рамките на различни педагошки концепции и парадигми еден ист принцип може да добие различно значење. Со корелација на принципите формулирани од страна на Православната црква и световната педагогија може да се откријат заедничките основи на дејноста на наставникот во сферата на духовното воспитание. Анализата на педагошката литература ни овозможува да издвоиме група на принципи кои се специфични за православната христијанска педагогија. Постојат и принципи на духовното воспитание кои не противречат на принципите на секуларната педагогија, но во споредба со нив имаат пошироко толкување. Во православната педагогија се формулирани и такви принципи кои покрај нивното црковно толкување и специфично формулирање, практично се совпаѓаат со поимањето на аналогните принципи во хуманитарната образовна парадигма. Многу е важно наставниците да ги почитуваат принципите и да се раководат од нив во својата работа, бидејќи тие придонесуваат за квалитетот на наставата, а со тоа практично ќе исчезне случајноста на педагошки влијанија врз учениците.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/21964
Appears in Collections:Faculty of Theology: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

66
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

33
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.