Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/23351
Title: МР ентерографија (МРЕ) - технички и медицински аспекти на овој метод и наши искуства
Authors: Spirov, Vasilcho 
Mitreska, Nadica 
Stojovska Jovanovska, Elizabeta 
Jakimovska Dimitrovska, Maja 
Ilievski, Mitko
Spirov, Goran 
Mitreska Kristina 
Keywords: МР ентерографија
Issue Date: 2016
Publisher: Здружение на радиолозите на Македонија
Conference: 6th Macedonian congress of radiology with international participation
Abstract: Вовед. МРЕ е релативно нов и безбеден радиолошки метод за неинвазивно, брзо, достапно, точно и прецизно дијагностицирање на болестите на тенкото црево со примена на орално контрастно средство и/или и.в. контраст без употреба на јонизирачко зрачење и јодни контрастни средства. Оттаму, МРЕ особено се смета за примарен метод на испитување во педијатријата и кај младите адулти со воспалително цревно заболување кое бара повторувани испитувања за оценка на болеста и терапевтско следење. Испитувањето, исто така, бара соодветна техничка и клиничка стручност за да има рутинска примена. Цел. Трудот (1) дава основни информации за МРЕ, нејзината клиничка примена, точност и валидност во споредба со други методи; (2) го објаснува начинот на подготовка за преглед, протоколот и потребните материјали и средства за извршување на прегледот, кој се работи рутински на нашата клиника; (3) ја објаснува целта на самиот преглед: (а) да открие промени на ѕидот на тенкото црево и интралуминално, кај воспаленија, Crohn-ова болест, тумори, полипозни синдроми, невоспалителни ентитети (Целијачна болест), мезентерична лимфаденопатија, тенкоцревна опструкција и сл.; (б) да ги испита околните структури во абдоменот, како морфолошки така и според локацијата на процесот. Материјал и метод. Во трудот се презентирани првите сопствени искуства со новиот протокол на работа на нашата клиника. Години наназад употребата на МР во дијагностиката на болестите на тенкото црево беше проблематична пред сé заради долгото траење на секвенците и појавата на бројни артефакти кои се јавуваа заради перисталтиката и дишењето на пациентот. Употребата на брзи и ултра брзи секвенци во поново време и можноста да се заврши секвенцата со едно задржување на здивот на пациентот (од 15-20 сек.), ја направија МРЕ возможен и доста успешен метод во дијагностицирањето на тенкото црево. Протоколот вклучува и употреба на Duphalac, лактулоза, како орално контрастно средство, кое служи за адекватна цревна дистензија и е со различен механизам на дејство од досега користените препарати. Покрај примената на орални контрастни средства, употребата на и.в. контраст, Гадолиниум, Magnevist, и и.в. спазмолитични средства, Buscopan, за време на прегледот ја направија МРЕ една од најкористените и најпрецизни дијагностички методи кај болестите на тенкото црево. Прегледите се правени на 1,5 Т Siemens Avanto апарат. Резултати. Употребата на МРЕ во радиологијата на гастроинтестиналниот тракт води кон побрза и поточна дијагностика на болестите на тенкото црево. Една од главните идикации за употреба на МРЕ е дијагностицирање и следење на Crohn-овата болест на тенкото црево. Освен промените во морфологијата и утврдување на локализацијата на промените, со овој метод се откриваат и аноректалните компликации на Crohn-овата болест, екстензијата и активноста на болеста. МРЕ е применета и кај други тенкоцревни заболувања со наоди презентирани во трудот. Дискусија. Целокупниот технолошки напредок во врска со МРЕ резултира со скратено време на испитување, зголемено задоволство кај пациентите и медицинскиот персонал и со одобрени податоци во врска со добиените резултати особено при откривањето, евалуацијата и следењето на Crohn-овата болест и нејзината активност. Активностите денес се насочени кон употребата на нови секвенци (DWI) и пософистицирани апарати (3Т) за уточнување на дијагнозата. Заклучок. МРЕ денес претставува значаен предизвик на постоечките методи, како што се тенкоцревната пасажа, ентероклизата и КТ Ентерографијата во процесот на дијагностичка проценка на тенкото црево. МРЕ е важно алтернативно испитување на тенкото црево како најтешко достапен дел за евалуација од целиот гастроинтестинален тракт.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/23351
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
MR enterografijaVI kongres 2016.pdf10.55 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

142
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

73
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.