Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24050
Title: Токсични елементи во ориз, пченично брашно и производи од брашно од македонскиот пазар
Authors: Надица Тодоровска
Сузана Диневска Ќовкаровска 
Орце Поповски
Елисавета Стикова 
Issue Date: 12-Nov-2018
Publisher: Institute of Public Health of the Republic of Macedonia/Scientific Foundation SPIROSKI
Journal: Archives of Public Health
Abstract: Безбедноста на житата и житните производи е од големо нутритивно и токсиколошко значење, бидејќи житната индустрија и нејзините производи имаат голема економска и социјална важност на светско ниво. Во ова пилот истражување е испитана концентрацијата на токсичните елементи во траги арсен, кадмиум и олово, во три мостри од различни производители на ориз: 11,67+5,69mg/kg, 25,67+6,43mg/kg, 47,67+18,01mg/kg, пченично брашно: 7+5mg/kg, 9+1,73mg/kg, 69,92+16,92mg/kg за As, Cd и Pb, соодветно, и производи од брашно (леб: 9,33+2,08mg/kg, 6,67+0,58mg/kg, 36+3,6mg/kg, тестенини: 1,61+1,15mg/kg, 2,67+2,08mg/kg, 30+7mg/kg и чајни колачи: 4,67+4,04mg/kg, 1,33+0,58mg/kg, 53+9,64mg/kg за As, Cd и Pb, соодветно) од македонскиот пазар, со употреба на хидридно генерирачка и електротермичка атомска апсорпциона спектрометрија со мокра дигестија. Извршена е пресметка на учеството во просечниот дневен внес за токсични елементи внесени преку дневна консумација на жито и производи од жито (20% од целодневниот оброк). Придонесот на As (9,86%), Cd (10,02%) и Pb (11,39 %) спореден со просечниот дневен внес и прифатливиот толериран дневен внес, PTDI, беше низок, што покажува дека овие производи се безбедни за употреба во однос на испитаните токсични елементи. Нивоата на токсичните елементи во мострите на македонскиот ориз, пченично брашно и производи од брашно се споредливи со резултатите добиени од различни делови од светот и нивниот внес не претставува здравствен ризик за потрошувачите.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24050
DOI: 10.3889/aph.2018.2244
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

38
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check

Altmetric


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.