Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24344
DC FieldValueLanguage
dc.contributor.authorTodorovikj, Lazaren_US
dc.contributor.authorGramatnikovski, Nikolaen_US
dc.contributor.authorCokleska Shuntov, Natalijaen_US
dc.contributor.authorShuntov, Blagojen_US
dc.contributor.authorAleksovski, Zlatkoen_US
dc.contributor.authorRacaj, Anilaen_US
dc.contributor.authorGjorikj, Sen_US
dc.date.accessioned2022-11-14T09:38:01Z-
dc.date.available2022-11-14T09:38:01Z-
dc.date.issued2022-09-27-
dc.identifier.citationТодоровиќ Л, Граматниковски Н, Цоклеска-Шунтов Н, Шунтов Б, Алексовски З, Рацај А, Ѓориќ С. Целосна трауматска трансекција на ишијадичниот нерв кај 5-годишно дете - приказ на случај. Зборник на апстракти од Петти конгрес на физијатри на Република Северна Македонија со меѓународно учество, стр. 92-93, 25-27 септември 2022, Охрид.en_US
dc.identifier.urihttp://hdl.handle.net/20.500.12188/24344-
dc.description.abstractВовед: Вообичаени причини за повреди на ишијадичниот нерв се јатрогени повреди предизвикани од оперативен третман на колк, повреда при интрамускулна администрација на лекови, пенетрирачка траума и повреди од огнено оружје. Лезиите на ишијадичниот нерв во горниот дел на бутот се поврзани со болка и парестезии по должината на полето на инервација и изгубена способност за флексија на коленото, дорзална флексија на стапалото и плантарна флексија. Губењето на сензибилитетот го вклучува задниот дел на бутот, страничниот аспект на долниот дел од ногата и целото стапало. Приказ на случај: Презентираме редок случај на 5-годишно дете кое се здобило со голема рана на медијалниот и задниот дел на бутот која се протегала до поплитеалната регија како резултат на повреда од сечење со стакло. Во момент на прием, детето е хемодинамски стабилно. Нема знаци за значителна загуба на крв. На првичната евалуација, раната ја засега кожата, поткожното ткиво, мускулите и целосна трауматска трансекција на ишијадичниот нерв. Пациентот имаше комплетно отсутна функција на двата дела на ишијадичниот нерв при првичната евалуација. По реализирани соодветни предоперативни анализи и подготовка, беше извршен оперативен третман. Интраоперативно, ишијадичниот нерв беше идентификуван, наод за целосна трансекција на нервот. M. semimembranosus, m. semitendinosus и m. biceps femoris, исто така беа повредени. Извршена е реконструкција на мускулите и примарна реконструкција на нервот. Постоперативниот период беше уреден. Првите знаци за враќање на сензибилитетот и некои мали движења на ногата беа детектирани на десетиот постоперативен ден. По завршување на хоспитализацијата на 15 постоперативен ден, пациентот беше трансфериран во локалниот центар за рехабилитација. Редовното следење се вршеше секој месец. Еден месец по повредата е нотирана флексија и екстензија на коленото. Сензибилитетот беше речиси нормален, пациентката можеше да разликува топло, студено, болка и да ја локализира точката на сензација. Движењата во скочниот зглоб беа сè уште слаби. 2 месеци по повредата, таа можеше да стои на ногата со помош. По 3 месеци, таа можеше да оди сама, со мала помош од безбедносни причини. По 5 месеци, таа беше целосно независна, способна да ги извршува секојдневните активности. 6 месеци по повредата беше направена електромиографија на екстремитетот. Резултатот покажува знаци на реинервација и нормална моторна и сензорна амплитудна спроводливост. Заклучок: Повредата на ишијадичниот нерв кај педијатриската популација е релативно ретка и невообичаена повреда. Релативно слабите резултати по реконструкцијата на ишијадичниот нерв во минатото сега брзо се заменуваат со пооптимистички пристап. Напредокот на раната реконструкција на нервите, напредните хируршки техники и добрата постоперативна рехабилитација се клучни за добриот исход. Овој приказ на случај е пример за многу добар исход кај посериозна повреда на долниот екстремитет.en_US
dc.language.isoenen_US
dc.publisherAssociation of Physiatrists of Republic of North Macedoniaen_US
dc.titleЦелосна трауматска трансекција на ишијадичниот нерв кај 5-годишно дете - приказ на случајen_US
dc.typeProceeding articleen_US
dc.relation.conferenceFifth Congress of Physiatrists of Republic of North Macedonia with International Participationen_US
item.grantfulltextopen-
item.fulltextWith Fulltext-
crisitem.author.deptFaculty of Medicine-
crisitem.author.deptFaculty of Medicine-
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Conference papers
Show simple item record

Page view(s)

59
checked on Jul 11, 2024

Download(s)

4
checked on Jul 11, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.