Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24813
Наслов: Базични демографски карактеристики на болните од инвазивен карцином на грлото на матката на територијата на Република Македонија (2000-2006 година).
Other Titles: Demographic characteristics of patients with invasive cervical cancer in R. Macedonia
Authors: Tanturovski, Dragan
Stojovski, Marjan 
Basheska, Neli 
Keywords: invasive cervical carcinoma
epidemiology
demographic characteristics
groups at risk
Issue Date: 2008
Publisher: Македонско лекарско друштво = Macedonian medical association
Journal: Македонски медицински преглед = Macedonian medical review
Abstract: Вовед. Инвазивниот карцином на грлото на матката е сериозен здравствен проблем во светот. Во Македонија карциномот на грлото на матката е втора најчеста малигна неоплазма кај жените, по карциномот на дојката, со регистрирани 248 новозаболени во 2003 година што е 8,8% од сите регистрирани неоплазми во таа популација. Основната цел на оваа ретроспективна епидемиолошка студија е да се одредат базичните демографски карактеристики на пациентите со инвазивен карцином на грлото на матката. Методи. Студијата претставува ретроспективна дескриптивна епидемиолошка студија. Со неа се опфатени податоците за 1406 болни од инвазивен карцином на грлото на матката на територијата на Република Македонија во периодот 2000-2006 година. Податоците се собирани од достапната медицинска документација. Статистичката обработка се направи со софтверот Statistica ver 8.0. Резултати. Просечната годишна стапка на инциденца изнесува 22,97/100000 женско население. Просечната возраст на пациентките во серијата изнесува 48+12 години. Евидентирани се сигнификантни разлики помеѓу застапеноста на македонската и српската националност (85%) и на албанската, турската и другите националности (15%). Најзагрозени здравствени региони се регионите што спаѓаат под надлежност на ЗЗЗ Струмица и Велес, со речиси двојно поголема инциденца од просечната стапка на инциденца, а најдобра е состојбата во ЗЗЗ Охрид, Тетово и Кочани, со стапки кои се за половина пониски од просечната стапка на инциденца. Заклучок. Идентификацијата на демографските групи со зголемен ризик од ова заболување овозможува креирање на скрининг програма со која посистематски би се опфатиле истите групи. Background: Invasive cancer of the uterine cervix is a serious medical problem for a large portion of the female population around the world. In the Republic of Macedonia, the invasive cancer of the uterine cervix is the second most common neoplasm in the female population right after breast cancer with 248 newly registered cases in 2003, comprising 8.8% of all the registered neoplasms. The main objective of this retrospective epidemiological study is to determine the basic demographic characteristics of the patients with invasive cancer of the uterine cervix. Materials and methods: The study is a retrospective, descriptive epidemiological study that included 1406 patients with invasive carcinoma of the uterine cervix on the territory of the Republic of Macedonia in the period 2000-2006. The data was collected from available medical records. The collected data was then processed with appropriate Statistica ver. 8.0. Results: The average yearly incidence rate is 22.97/100000. The average age for the women in the series is 4812. There are notable statistically significant differences in the representation of the Macedonian and Serbian nationalities (85%) and the Albanian, Turkish and other nationalities (15%). The regions with the highest risk are Strumica and Veles, with incidence rates almost double the average, and the regions with the least risk are Ohrid, Tetovo and Kochani with incidence rates nearly half the average. Conclusions: The identification and recognition of the demographic groups with an increased risk of developing invasive cervical carcinoma enables the creation of a screening program that would include these groups with increased risk.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24813
ISSN: 0025-1097
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Files in This Item:
File Опис SizeFormat 
Bazicni demografski karakteristiki na bolnite od invanziven 324.pdf3.4 MBAdobe PDFView/Open
Прикажи целосна запис

Page view(s)

39
checked on 24.7.2024

Download(s)

5
checked on 24.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.