Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24822
Title: Саркоидоза на женскиот генитален тракт со зафаќање на овариумите, тубите и перитонеумот: Приказ на случај и преглед на литературата
Other Titles: Sarcoidosis of the female genital tract involving the ovaries, fallopian tubes and the peritoneum: A case report and review of the literature
Authors: Tanturovski, Dragan
Stojovski, Marjan 
Basheska, Neli 
Keywords: non-pulmonary sarcoidosis
sarcoidosis of the female genital tract
ovary
fallopian tube
peritoneum
Issue Date: 2010
Publisher: Македонско лекарско друштво = Macedonian medical association
Journal: Македонски медицински преглед = Macedonian medical review
Abstract: Вовед: Генитоуринарната саркоидоза е исклучително ретка состојба, било да е во склоп на системско нарушување или како изолиран наод. Оваријалната локализација на саркоидозата е уште поретка и неретко дава симптоми слични како малигните неоплазми на овариум. Приказ на случај: Опишуваме случај на саркоидоза на женскиот генитален тракт со зафаќање на овариумите, тубите и перитонеумот кај 40 годишна пациентка кај која се манифестира со билатерална аднексална маса, асцит, плеурална ефузија, хронична абдоминална болка и губиток во телесна тежина заради што е препратена на Одделот за гинеколошка онкологија. Од лабораториските испитувања, позитивни беа само CА 125 (77 U/ml) и зголемената седиментација (50/100). Наодите од ултразвучниот преглед и компјутеризираната томографија на абдомен не беа конклузивни, така што се постави сомнение за оваријална неоплазма. Цитолошките и микробиолошките анализи на пунктатите од асцитот и плеуралната ефузија бea негативни. Кај пациентката е направена експлоративна лапаротомија и билатерална салпинго-оофоректомија со биоптирање на оментумот, париеталниот перитонеум и интестиналното епиплоично масно ткаење. Врз основа на хистопатолошката анализа на оперативниот материјал е поставена конечната дијагноза за оваријална саркоидоза. Постоперативно пациентката е поставена на терапија со prednisone. Заклучок: Оваријалната саркоидоза е екстремно ретка состојба која често може да имитира малигна неоплазма на овариумот. Третманот останува ексцизија со постоперативна кортикостероидна терапија. Introduction. Genital sarcoidosis is an extremely rare condition, either as an isolated disease or as part of a generalized sarcoidosis. Ovarian sarcoidosis is even rarer and it often mimics a malignant ovarian neoplasm. Case report. We report a case of sarcoidosis of the female genital tract involving the ovaries, fallopian tubes and the peritoneum in a 40-year-old patient, referred to the Department of Gynecologic Oncology with the following symptoms: bilateral adnexal mass, ascites, pleural effusion, chronic abdominal pain and weight loss. The routine blood findings were unremarkable, apart from the slightly elevated CA 125 (77 U/ml) and sedimentation rate (50/100). The ultrasound and CT of the pelvis and abdomen were inconclusive, but raised a suspicion for an ovarian neoplasm. The cytological and microbiological analyses of the specimens from the ascites and the pleural effusion were negative. Following an exploratory laparotomy under a provisional diagnosis of ovarian malignancy, bilateral salpingo-ophorectomy with biopsies from the omentum, parietal peritoneum and epiploic appendices of the colon were undertaken. The histology of the operative material revealed the true diagnosis - ovarian sarcoidosis. A step-down therapy with prednisone was initiated to manage the sarcoidosis. Conclusion. Ovarian sarcoidosis is an extremely rare condition that often mimics a malignant neoplasm of the ovary. The treatment is excision to confirm the diagnosis, followed by a corticosteroid regimen.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/24822
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
ММP 2010 64(2)pp66-72.pdf6.81 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

57
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

9
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.