Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/25982
Title: Квантитативна анализа за бизнис и економија (Моделски пристап со табеларни пресметки и софтвери)
Authors: Cvetkoska, Violeta 
Issue Date: 2022
Publisher: Стоби Трејд Доеел
Source: Цветкоска, В. (2022). Квантитативна анализа за бизнис и економија (Моделски пристап со табеларни пресметки и софтвери). Збирка задачи. Скопје: Стоби Трејд Дооел
Description: Збирката задачи Квантитативна анализа за бизнис и економија: моделски пристап со табеларни пресметки и софтвери е создадена за да овозможи решавање на различни проблеми во економијата и бизнисот преку стекнување вештини за моделирање со компјутерска поддршка. Оваа збирка е наменета за студентите кои го слушаат предметот Операциони истражувања (ОИ) /Наука за менаџмент (НМ) на Економскиот факултет – Скопје при УКИМ, но можат да ја користат и студентите на другите економски факултети и стручните лица од областа на менаџментот, маркетингот, финансиите, здравството, владата итн. Преку стекнување знаења за „шведската маса“ на методи и техники на оваа дисциплина и нивна примена во работењето се овозможува донесување на подобри одлуки. Посебен акцент во оваа збирка е ставен на користењето на Excel и на водечките софтверски пакети за секоја од одделните теми (моделите на трошоци, приход, профит и преломна точка; линеарното програмирање; проблемите на асигнација; анализата на одлучување; симулациското моделирање и повеќекритериумското одлучување), преку кои се овозможува брзо решавање на проблемските задачи, за да може единствениот неповратен ресурс, времето, да се искористи за детална анализа на резултатите и за сензитивна анализа. Верувам дека стекнатото знаење и стекнатите вештини од оваа област ќе ја зголемат вашата нето-вредност и ќе ви овозможат успеси во работењето. Со задоволство ќе ја прифатам секоја Ваша сугестија која ќе влијае на подобрување на квалитетот на ова прво издание. ОИ/НМ + ВИЕ (ВАШИОТ ТИМ) = ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА
Appears in Collections:Faculty of Economics 01: Books / Книги

Show full item record

Page view(s)

53
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.