Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26135
Наслов: Кои фактори влијаат на перформансите на работното место на вработените во јавниот сектор?
Authors: Dimitrievski, Dejan
Cvetkoska, Violeta 
Keywords: менаџирање со перформанси, јавен сектор, фактори, машинско учење, логистичка регресија
Issue Date: 2022
Publisher: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Економски факултет - Скопје
Source: Димитриевски, Д. и Цветкоска, В. (2022). „Кои фактори влијаат на перформансите на работното место на вработените во јавниот сектор?“, Годишник на Економскиот факултет – Скопје, 57, стр. 37-52.
Abstract: Целта на овој труд е да се изврши евалуација на различните фактори кои влијаат на перформансите на вработените во јавниот сектор и степенот до кој секој од факторите влијае на перформансите. Истражувањето е спроведено со користење на методата на анкетен прашалник, преку испитување на вработените во институциите од јавниот сектор на Северна Македонија, во периодот од ноември 2021 до февруари 2022 година. Прашалникот е одговорен од 377 испитаници, од кои 335 дадоа одговор на сите прашања и тие го сочинуваат примерокот за анализа. Изграден е модел на машинско учење за логистичка регресија во софтверската алатка Microsoft Power BI Desktop. Врз основа на добиените резултати, утврдено е дека најголемо влијание на перформансите на работното место има факторот посветеност на работното место, по кој следуваат личните вештини и способности и мотивацијата. Влијанието на надворешните притисоци и притисоците во институцијата е помало во споредба со останатите фактори. Добиените сознанија овозможуваат преземање на соодветни чекори за подобрување на перформансите на вработените во јавниот сектор што има круцијално значење за подобрување на перформансите од работењето на овој сектор.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26135
Appears in Collections:Faculty of Economics 02: Conference papers / Трудови од научни конференции

Прикажи целосна запис

Page view(s)

53
checked on 24.7.2024

Download(s)

14
checked on 24.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.