Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/26312
Title: | Гигантски пролактином | Authors: | I. Mladenovska Stojkoska A. Mucha B. Todorova I. Ahmeti |
Issue Date: | Oct-2022 | Conference: | 6th Macedonian Congress of Endocrinolgy with International Participation and 7th Diabetes Days in Macedonia with International Participation, Ohrid, 13-16 October, 2022 | Abstract: | Вовед: Гигантските пролактиноми се ретки тумори на хипофизата со застапеност од 1-5 % од сите пролактиноми, со димензии поголеми од 4 см и хиперпролатинемија (>1000 ng/ml ). Kлинички се презентираат со симптоми на хиперпролактинемија и невро-офталмолошки симптоми како резултат на компресивниот и инвазивниот ефект на туморот. Приказ на случај: Пациент на 44 годишна возраст се јавил на преглед поради намалено либидо и ерекција последните 12 месеци. Од пред 6 месеци пациентот има интензивни главоболки, намалување на видот и двојни слики.Од направените хормонални анализи: висок PRL-1050 ng/ml,TSH-3,63 mU/l, fT4-11,0 pmol/l, cortisol-357 nmol/l, ACTH-20 pg/ml, FSH-2,12 mU/ml, LH-1,78 mU/ml, низок тестостерон- 3,63 nmol/l. MР на хипофиза: параселарна и супраселарна маса со димензи 65х56мм, врши компресија на оптичката хијазма и хипоталамус со проминирање во свеноидалниот синус и инвазија на кавернозните синуси. Офталмолошки преглед: периметрија со почетни фокални испади. Преглед на очно дно: PNO, ML и крвни садови уредни. Направена консултација со невролог и започнат медикаментозен третман со каберголин 2 мг неделно. По 12 месеци од терапија МР на хипофиза со наод за макроаденом 16х9мм, 22 ng/ml, тестостерон-3,1 nmol/l. Кај пациентот се продолжи со досегашниот медикаментозен третман и се започна со терапија со тестостерон. Дискусија: Терапијата со допамин агонисти како прва линија на третман кај гигантските пролактиноми доведува подобрување на видот, нормализирање на нивото на пролактин и значителна редукција на големината на туморската маса, во нашиот случај 74%. Кај некои од пациентите има потреба и од тестостерон заместителна терапија поради оштетување на гонадотропните клетки од долготрајниот мас ефект на туморот. Заклучок: Kај повеќето од пациентите потребен е континуриран третман со допамин агонисти со цел да одржи супресија на пролактинот и да се спречи рецидив на туморот. Резистентните пролактиноми може да се третираат со хирургија, радиотерапија, темозоломид. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/26312 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Conference papers |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
20230309_214026_230309_214034 (1).pdf | 3.94 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
75
checked on Jul 24, 2024
Download(s)
182
checked on Jul 24, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.