Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/26415
Title: | ТРАНСПОРТОТ ВО СКОПЈЕ – РЕАЛНОСТ И ПРЕДИЗВИЦИ | Authors: | Dedinec, Aleksandar Dedinec, Aleksandra Taseska-Gjorgievska, Verica Markovska, Natasha Zdraveva, Pavlina Belchovska Tasevska, Jasmina Kanevce, Gligor |
Keywords: | транспорт, емисии на стакленички гасови, загадувачи на воздух | Issue Date: | 2019 | Publisher: | Македонска академија на науките и уметностите | Journal: | Зборник на трудови - Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?, Македонска академија на науките и уметностите | Abstract: | Транспортниот сектор е одговорен за една четвртина од емисиите на стакленички гасови на ниво на Европска унија, додека во Македонија неговото учество од 10% во 2012 година се зголемило на 13% во 2014 година. Значењето на овој сектор се зголемува со тоа што тој значајно придонесува и за проблемите со квалитетот на воздухот. Во Европската унија, споредено со 1990 година се забележува напредок во намалување на локалните емисиите. Во Македонија се проценува дека учеството на транспортот во вкупните национални емисии на CO и NOx изнесува 13% и 17%, соодветно. Податоците за квалитетот на воздухот за 2016 година покажуваат надминувања на годишните гранични вредности за концентрации на PM10 речиси на сите мерни места на ниво на Република Македонија, како и на концентрации на PM2,5 на двете мерни места (лоцирани во град Скопје). Во поглед на CO надминување на граничните вредности има на мерните места Лисиче во Скопје, Битола 2 и Тетово, додека на мерните места Ректорат во Скопје и Битола 1, концентрациите се многу блиску до граничните вредности. Во овој труд со помош на посебно развиена методологија во која е вклучен и моделот MARKALСкопје, оценети се 10 мерки и политики за намалување на потрошувачката на енергија, емисиите на стакленички гасови и локалните емисии од патниот транспорт. За студија на случај е земен град Скопје како најголем град во земјата, и град со најголем број на регистрирани возила (околу 36%). Анализите се направени за периодот 2012 – 2025 година преку две сценарија: референтно сценарио и сценарио кое ги вклучува предложените политики и мерки. Резултатите покажуваат дека со имплементација на сите предложени мерки може значително да се намалат емисиите во 2025 година и тоа на PM2,5 за дури 94%, додека CO и NMVOC за 78% споредено со 2015 година. За да се реализираат сценариото со сите предложени мерки потребно е во периодот до 2025 да се вложат дополнителни 686 милиони EUR споредено со референтното сценарио. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/26415 |
Appears in Collections: | Faculty of Computer Science and Engineering: Journal Articles |
Show full item record
Page view(s)
19
checked on Jul 11, 2024
Download(s)
7
checked on Jul 11, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.