Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26661
Title: Анализа на мајчинските и акушерските фактори за ризик за прематурна ретинопатија кај прематуруси чија тежина е над 1500г и гестациска возраст над 30 недели
Authors: Isjanovski, Igor 
Isjanovski, Viktor 
Issue Date: 12-Nov-2018
Publisher: Scientific Foundation SPIROSKI
Journal: Archives of Public Health
Abstract: <jats:p>Прематурната ретинопатија  (РОП) е главна причина за слепило кај предвремено родените бебиња. Инциденцата на РОП се зголемува во земјите во развој  и се должи на зголемување на преживување на предвремено родените деца. Прематурната ретинопaтија (РОП) е сериозна компликација кај предвремено родени деца која може да доведе до слепило, освен ако се дијагностицира и се третира рано. Цел на оваа студија е да се проучат  мајчините и акушерските фактори на ризик за РОП. Материјал и методи: Истражувањето преставува аналитичка  “Case control” студија во периодот 2015-2016г. Во студијата се вклучени  163 предвреме родени деца кои не ги исполнуваат критериумите на Американската академија за офталмологија (ААО), со родилна тежина се  над 1500 г и гестациска старост над 30 недела. Мајките се поделени во две групи во однос на новородените со РОП и без. За оставрување на целите се користеше дводелен анкетен прашалник, првиот дел од прашалникот се однесува на прашања за мајката. Резултати: ИВФ (ин витро фертилизациа) ја зголемува веројатноста за РОП повеќе од два пати OR=2.1256 (1.1133-4.0585). Како независни фактори  мултипната бременост ја зголемува веројатноста за РОП за два и пол пати. Прееклампсијата делува протективно, ја намалува веројатноста за настанување на РОП. Начинот на породување, возраста на мајката, број на бремености, број на раѓања, консумирање на алкохол, пушење, наркотици не претставувaат ризик фактори. Треба да се обрне големо внимание на дефинирањето на ризик факторите, нивната комплексност, развојот и прогресијата на прематурната ретинопатија и нејзината превенција  кои се само еден дел од прашањата со кој се соочуваат офталмолозите и неонатолозитe во текот на  својата работа. Во студијата се потврдија истите ризик факори кои се регистрираат на кај прематурусите според ААО (родилна тежина под 1500 г и под 30-та гестациска недела). Заклучок: протоколите за скрининг на РОП да се модифицираат, покрај инклузионите критериуми на ААО да се вклучат и прематуруси според препораката на неонатолозите за зголемен ризик за развој на прематурна ретинопатија, а се со родилна тежина над 1500 г и над 30-та гестациска недела.</jats:p>
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/26661
DOI: 10.3889/aph.2018.2245
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

28
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check

Altmetric


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.