Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/2701
Title: | КОНЗЕРВАТИВИЗМОТ ВО ФИНАНСИСКОТО И КОРПОРАТИВНОТО УПРАВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ КАКО ПРЕЧКА ЗА ПОБРЗ ЕКОНОМСКИ РАСТЕЖ | Authors: | Арсов, Сашо | Keywords: | финансиски менаџмент, корпоративно управување, берза, структура на капиталот | Issue Date: | Oct-2018 | Publisher: | Македонска академија на науки и уметности | Conference: | “Идни предизвици на економскиот развој и економската политика на Република Македонија”, МАНУ, 4 и 5. Октомври 2018 година, Охрид | Abstract: | Во трудот е направена анализа на различни аспекти на управувањето со финансиите и на корпоративното управување на македонските компании, низ призмата на принципите на современите корпоративни финансии. Анализата на структурата на капиталот на 32 најголеми котирани акционерски друштва, со примена на панел регресија, покажа дека кај нив доминира т.н. пристап на хиерархија (редослед) во финансирањето. Според него, компаниите своите потреби од финансирање најпрво ги задоволуваат од сопствени извори, потоа прибегнуваат кон задолжување, а само по исклучок емитуваат акции. Импликациите на ваквиот пристап се во ограничените можности за растеж на компаниите. Податоците за готовинските текови се во согласно со претходниот заклучок. Во текот на набљудуваниот десетгодишен период, вкупните инвестиции на компаниите се пониски од вкупните генерирани готовински текови од оперативни активности. Анализата на сите 106 котирани компании во поглед на нивниот однос кон сегашните и потенцијалните акционери, исто така, покажа дека овие релации не се негуваат на посакуваното ниво. Само кај 7,5% од компаниите на нивните веб-страници можат да се најдат податоци за нивните акции. Годишните извештаи често се формални и минимални по обем, а само 15% од компаниите преку нив се обраќаат на своите акционери. Конечно, целта на работењето во пазарните економии која се состои од „максимизација на вредноста на компанијата“, се среќава само кај две од анализираните компании. Како последица на овие состојби, кај компаниите се јавува отсуство на амбиција (но и можности) за посериозна експанзија можеби и надвор од границите на земјата. Недостасува мотивираност за преземање поголем ризик, но недостасува и чувство за релацијата ризик-принос. Системот е банкоцентричен, а пазарот на капитал не ја извршува својата функција на ефикасен алокатор на ресурсите. Можни мерки во правец на подобрување на состојбата би биле насочени кон поттикнување на преземање поголем ризик од страна на банките, на пример преку задолжително вложување на дел од своите фондови во т.н. „стартапи“. Понатаму, поттикнување на иновативните бизниси и иновации во постоечките компании преку државни или привлекување на странски фондови. Истовремено, компаниите (приватни и котирани) треба да ја согледаат вистинската улога на берзите и акционерството и да се мотивираат да размислуваат на долги рокови. Мора да се инсистира на поставување долгорочни цели и донесување стратегиски планови. Добра можност нудат конвертибилните обврзници, како хибридна хартија од вредност, така што нивната примена треба да се промовира. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/2701 |
Appears in Collections: | Faculty of Economics 02: Conference papers / Трудови од научни конференции |
Files in This Item:
File | Size | Format | |
---|---|---|---|
Trud-Saso Arsov.docx | 50.13 kB | Microsoft Word XML | View/Open |
Page view(s)
143
checked on Jul 24, 2024
Download(s)
63
checked on Jul 24, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.