Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/27217
Title: | Продуктивна или главна активност на населението како индикатор за квалитет на живот | Authors: | Александра Лозаноска Елизабета Џамбаска |
Issue Date: | 2022 | Publisher: | Економски институт – Скопје | Project: | „Квалитетот на живот на населението во Република Северна Македонија во време на Covid-19 пандемијата“ | Abstract: | Индикаторот продуктивната или главна активност на населението претставува еден од деветте индикатори за квалитетот на животот кои ги објавува Еуростат за потребите на Европската унија. Овој индикатор се однесува, од една страна, на работата на вработените, на самовработените лица или на неплатените семејни работници, која што се плаќа, а од друга страна ја опфаќа и неплатената работа (грижа за членовите на семејството или волонтирање) и други видови статус на главна активност (на пример, студирање или пензионирање). Врз основа на параметрите кои ги дава Еуростат и кои го оформуваат индикаторот, во рамки на овој дел од монографијата се анализира продуктивната или главна активност на населението во Република Северна Македонија. За таа цел земени се предвид одделни аспекти на квантитетот и квалитетот на вработеноста во земјата, за последните десет години, при што е опфатено работоспособното население на возраст од 15-64 години. Истовремено, направена е споредба со состојбите во ЕУ-27 (без Велика Британија). Како извор на податоци се користи базата на Еуростат за да се избегне методолошка неусогласност, која може да се јави доколку се користат различни извори на податоци. | Description: | Дел од монографија, објавена како резултат на проектот: „Квалитетот на живот на населението во Република Северна Македонија во време на Covid-19 пандемијата“, Економски институт-Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/27217 | ISBN: | ISBN 978-608-4519-26-3 |
Appears in Collections: | Institute of Economics: Books |
Show full item record
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.