Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/27341
DC Field | Value | Language |
---|---|---|
dc.contributor.author | Најдова, Анита | en_US |
dc.contributor.author | Дохчева Карајованов, Ивана | en_US |
dc.contributor.author | Nikolovska, Suzana | en_US |
dc.date.accessioned | 2023-08-08T09:03:33Z | - |
dc.date.available | 2023-08-08T09:03:33Z | - |
dc.date.issued | 2022 | - |
dc.identifier.uri | http://hdl.handle.net/20.500.12188/27341 | - |
dc.description | Зборник на резимеа / Book of abstracts | en_US |
dc.description.abstract | Вовед: Алопеција ареата (АА) зафаќа 2% од глобал- ната популација. Преваленцата е пониска кај возрасни од деца, понекогаш расте, и значајно зависи од регионот. За време на пандемијата со Covid-19, се следеше зголемена инциденца на Алопеција ареата (АА), но само неколку случаи се поврзани со докажана инфекција на SARSCoV- 2. АА претставува нарушување со губиток на коса без лузни кое има автоимуna етиологија со многу тригер фактори. Covid-19, вирусна инфекција предизвикана од SARS-CoV-2, се карактеризира со системска активација на имуниот систем. Офијаза е форма на АА која најчесто се среќава кај деца. Презентираме редок случај на пост Covid офијаза кај дете. Приказ на случај: Шест годишно здраво женско дете доаѓа во нашата ординација со две алопетични плаки без лузни, кои се наоѓаат во парието-окципиталниот регион билатерално, со јасно ограничени овални и мазни повр- шини без знаци на инфламација и активни фоликули со спонтан раст на коса, без третман. Ноктите не беа афек- тирани. Тестот со влечење на косата беше негативен на рабовите од промените. Фамилијарна анамнеза за Алопе- ција ареата и други автоимуни болести беше негативна. Еден месец пред прегледот пациентката била позитивна на Covid-19 со лесна форма на болеста. Лабораториските анализи од крвта беа во референтни граници, IgG анти- тела за SARS-coV-2 беа позитивни. Тироидната функција беше уредна. KOH препаратот, како и брис од грло и нос беа негативни. Дерматоскопијата покажа присуство на црни точки, скршени и истенчени влакна, жолти точ- ки како и велус влакненца, овозможувајќи дијагноза на Алопеција ареата. Започнавме со употреба на локалнa кортикостероидна терапија два пати дневно во период од две недели, а потоа еднаш дневно уште две недели. Еден месец по третманот забележавме парцијално растење на коса. Третманот продолжи уште еден месец, три пати неделно со комплетно обновување на косата. Дискусија: АА може да претставува дерматолошка манифестација на Covid -19, која најчесто се појавува 1-2 месеци по инфекцијата. Иако има неколку објавени случаи, поврзаноста помеѓу Covid -19 и АА е сè уште непозната. Потребни се дополнителни истражувања за дефинитивно да се процени поврзаноста помеѓу Covid -19 и развојот или егзацербацијата на Алопеција ареата. | en_US |
dc.language.iso | mk | en_US |
dc.publisher | МАКЕДОНСКО ЛЕКАРСКО ДРУШТВО, ЗДРУЖЕНИЕ НА ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА / MACEDONIAN MEDICAL ASSOCIATION, MACEDONIAN DERMATOVENEREOLOGIC SOCIETY | en_US |
dc.relation.ispartof | VII КОНГРЕС НА ДЕРМАТОВЕНЕРОЛОЗИТЕ НА МАКЕДОНИЈА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО | en_US |
dc.title | ПОСТ COVID ОФИЈАЗА КАЈ ДЕТЕ: ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ | en_US |
dc.type | Proceeding article | en_US |
item.fulltext | With Fulltext | - |
item.grantfulltext | open | - |
crisitem.author.dept | Faculty of Medicine | - |
crisitem.author.dept | Faculty of Medicine | - |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Conference papers |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
ZBORNIK - VII kongres - Ohrid, 2022.pdf | ПОСТ COVID ОФИЈАЗА КАЈ ДЕТЕ: ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ | 2.31 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
34
checked on Jul 24, 2024
Download(s)
2
checked on Jul 24, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.