Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2741
Title: ВЛИЈАНИЕ НА ЛИВЕРИЏОТ НА КОМПАНИЈАТА ВРЗ НЕЈЗИНАТА ПРОФИТАБИЛНОСТ НИЗ ПРИМЕРОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ
Authors: Арсов, Сашо 
Keywords: ливериџ, структура на капиталот, профитабилност, цена на капиталот
Issue Date: 2015
Publisher: Економски факултет, УКИМ, Скопје
Journal: Годишник на Економски факултет, 2015
Series/Report no.: Годишник на Економски факултет;Том 50 (2015)
Abstract: Во досегашниот развој на теоријата за структурата на капиталот трошоците на задолжувањето, генерално, е прифатено дека предизвикуваат намалување на добивката, иако поради дејството на даночниот штит, плаќањето на каматата на кредитите може да има и позитивно дејство врз просечната цена на капиталот. Иако оваа релација се чини едноставна и еднонасочна, треба да се има предвид дека задолжувањата се прават со цел да се реализираат одредени деловни потфати, па доколку остварените придобивки од нив го надминуваат трошокот на долгот ефектот на задолжувањето врз профитабилноста би бил позитивен. Со цел да испитаме какви се ефектите врз ливериџот кај македонските компании, составивме примерок од 47 акционерски друштва и со финансиските податоци за периодот 2009-2013 година спроведовме истражување во форма на панел-регресија. Сумарната статистика на примерокот недвосмислено покажува дека ливериџот на компаниите се движи во просек околу 35%, што не е високо ниво, додека профитабилноста во анализираниот период значајно опаѓа. Резултатите на регресијата покажуваат дека вкупниот ливериџ има негативно влијание врз профитабилноста, но истите не се потврдени кога ги користиме долгорочните кредити или вкупните банкарски кредити како зависни варијабли. Од останатите вклучени променливи, позитивна врска е откриена уште во случајот на големината на компанијата и профитабилноста, додека вкупните инвестиции во последните три години, стапката на данок на добивка и порастот на продажбите немаат статистички значајно влијание.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/2741
Appears in Collections:Faculty of Economics 06: Annual of the Faculty of Economics - Skopje / Годишник на Економски факултет - Скопје

Files in This Item:
File SizeFormat 
Trud-Arsov-Godisnik 2015.docx49.4 kBMicrosoft Word XMLView/Open
Show full item record

Page view(s)

135
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

19
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.