Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/28589
Наслов: | Лингвостилистичката и документарната рамка на книгата „Варшава го исцртува Скопје“ | Authors: | Гордана Алексова | Keywords: | лингвостилистика, македонски јазик, документарна проза, стилистика | Issue Date: | 2023 | Abstract: | ЛИНГВОСТИЛИСТИЧКАТА И ДОКУМЕНТАРНАТА РАМКА НА КНИГАТА „ВАРШАВА ГО ИСЦРТУВА СКОПЈЕ“ [Кинга Нетман-Мултановска; (превод од полски јазик Филип Димевски). Скопје: Бегемот, 2023. – 480 стр.] АПСТРАКТ Тема на излагањето е јазичниот слој на оваа книга, со сета своја стилска раслоеност и со сето богатство што ќе ни даде за право да го издигнеме на ниво на хронотоп. Тој се манифестира на многу разни и убави начини во наратив што ги отсликува и ги следи времето и просторот низ фабулата распослана на „стотици километри – од Скопје до Варшава“ и само навидум во шеесет години, а, всушност, до некои сижејни точки од 1933 и од 1897 година. Другата компонента на научниот интерес на излагањето е документарната граѓа, исклучително раскошно, сообразно и функционално внесена во наративот. Книгата жанровски се поместува во т.н. литературна репортажа, или репортажна книжевност, или документарна проза, а тоа значи дека ѝ припаѓа на литературата на фактите или, на нефиктивната литература, која во наративноста оперира со автентични ликови и настани. И покрај тоа, текстот го поетизираат убави и бројни метафори, искористени како естетска алатка, а не во функција на градењето на приказната. Приказната поврзува два главни, макрохронотопи – Скопје и Варшава, за низ метафоричните води и во сижејните отстапувања од текот на нарацијата да се изродат уште многу странични, микрохронотопи. Поврзувањето на македонската и полската култура и историја се базира на траумата (културолошко повразување преку траума) како психолошка категорија и како концепт на колективната меморија. Целта на конкретниот наратив не е да ја литерализира колективната траума, туку фактите од неа и за неа да ги артикулира во приказна, да раскажува за неа де факто не како за траума, туку како за еден од најхуманите начини на поврзување на луѓето и на културите – солидарноста. Изворите на документарниот материјал го илустрираат интертекстуалниот слој на нарацијата. Функционалните стилови на јазикот пишуваат големи делови од нарацијата и реферираат на сообразните временски и просторни релации, издигнувајќи се и самите до степен на јазични хронотопи. | Опис: | Наслов на реферат изнесен на научната конференција Вроцлавски македонистички средби - Јазик, Литература, Култура 26-27 октомври 2023 | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/28589 |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Conference papers |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Gordana Aleksova - Wroclaw Międzynarodowa Konferencja Naukowa, 26-27.10.2023.pptx | Презентација на научна конференција | 2.38 MB | Microsoft Powerpoint XML | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.