Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/28600
Title: | Некои француски конструкции со незадолжителен атрибут на директен објект и нивните македонски еквиваленти | Authors: | Касапоска-Чадловска Милена | Keywords: | атрибут, директен објект, еквиваленти, француски јазик, македонски јазик | Issue Date: | 2020 | Publisher: | Универзитет „Гоце Делчев“, Филолошки факултет, Штип, Република С. Македонија | Journal: | ПАЛИМПСЕСТ- Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања | Abstract: | Предмет на анализа во овој труд се француските граматички конструкции со незадолжителен атрибут на директен објект, од типот: Je bois le thé chaud/Чајот го пијам врел, кои содржат атрибутивен глагол (boire), дополнение за директен објект (le thé) и атрибут (chaud) кој опишува особина или својство на директниот објект. Тргнувајќи од фактот дека метајазичен и функционален еквивалент на францускиот атрибут во македонската граматика е именскиот дел на глаголско именскиот прирок, нашата прва цел е да провериме дали и во овој тип анализирани примери, односно во нивните македонски еквиваленти, придавката врши ваква функција или таа се среќава со друга функција. Друг аспект на кој се осврнуваме при анализата на овие конструкции е тоа што на семантичко рамниште покриваат разновидни прилошки значења. Тргнувајќи од претпоставката дека на македонски јазик како најчест еквивалент се среќава временска реченица, во трудот ние ќе провериме и кои други прилошки еквиваленти се среќаваат на македонски јазик. Кога станува збор за македонските еквиваленти, интересно е тоа што има две можни варијанти за превод на ваквите конструкции кои се комплетно различни. Имено, освен преводниот еквивалент Чајот го пијам врел, наведениот пример Je bois le thé chaud може да се преведе и како Го пијам врелиот чај, бидејќи во француската конструкција придавката chaud, освен како атрибут, може да се толкува и како епитет на директниот предмет le thé. Целта ни е овде да провериме која е функцијата на придавскиот елемент во македонските еквиваленти на тие конструкции | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/28600 |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Некои француски конструкции со незадолжителен атрибут на директен објект и нивните македонски еквиваленти.pdf | 4.85 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
23
checked on Jul 24, 2024
Download(s)
1
checked on Jul 24, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.