Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/28715
Title: | Нови аспекти на толкување на интермедијалноста | Authors: | Натали Рајчиновска Павлеска | Keywords: | интермедијалност, филм, театар, настан, репрезентација, ремедијација | Issue Date: | 22-Jun-2021 | Publisher: | JOURNAL OF CONTEMPORARY PHILOLOGY | Series/Report no.: | Vol 4 No 1; | Abstract: | Предмет на анализа во оваа студија е преисчитувањето на медиумските конвергенции што се појавуваат во 1960-тите години од XX век, прикажа-но преку делото Prune. Flat. (1965) на уметникот Роберт Витман. Интерме-дијалноста, карактеристична за ова дело, e резултат на истовременото из-ведување перформанс и филмска проекција, кои во процесот на совпаѓање и на јукстапонирање создаваат медиумски специфичности, кои иманентно им припаѓаат на одвоени дисциплини. Нивното спојување генерира, според Р. Констеланец, медиум на проширен театар, а преисчитувањето има цел да покаже дека проширувањето се случува како дијалог меѓу различните дисциплини во нова уметничка форма, настанот, и како такво е проширу-вање не само на театарот туку и на филмот. Студијата има цел да покаже дека станува збор за суштински дијалектички принцип на обликување и на структурирање, преку примената на поимите коприсуство, прекинувачки механизам, монтажа, според Б. Брехт. Соодносот меѓу медиумските арти-кулации ги изложува границите на поетската одредливост и онтолошката валентност, го одредува авторскиот глас и гледната точка (М. Бал), поставу-вајќи го конфликтот меѓу структурните елементи на концептуално рам-ниште (С. Ејзенштајн). Студијата поминува низ генеалогијата на процесот на структурирање на делото, опфаќајќи референцијален ризом меѓу поет-скиот чин како чин на отпорот (според Џ. Агамбен) и различни теориски вкрстувања, кои низ дедуктивен пристап ја преиспитуваат ремедијацијата, како формулација на нова естетска материјалност. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/28715 | DOI: | https://doi.org/10.37834/JCP2141 |
Appears in Collections: | Faculty of Fine Arts: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Натали Рајчиновска Павлеска, Нови аспекти на толкување на интермедијалноста.pdf | 367.48 kB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
60
checked on Jul 24, 2024
Download(s)
8
checked on Jul 24, 2024
Google ScholarTM
Check
Altmetric
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.