Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28873
Title: ПРОЦЕНА НА СЕИЗМИЧКИ РИЗИК КАКО ОСНОВА ЗА ОДРЖЛИВ УРБАН РАЗВОЈ
Other Titles: Seismic risk assessment as a basis for sustainable urban development
Authors: Kefajet Edip
Keywords: сеизмички хазард, сеизмички ризик, одржлив урбан развој, модел на изложеност, GEM
Issue Date: 14-Dec-2023
Publisher: UKIM-IZIIS
Conference: 3rd EUROPEAN CONFERENCE ON EARTHQUAKE ENGINEERING & SEISMOLOGY BUCHAREST, ROMANIA, 2022
20th International Symposium of MASE “RESILIENT STRUCTURES” September 28th – 29th, 2023, Skopje, N. Macedonia
Abstract: Современото урбанистичко планирање се стреми кон постигнување на целите на одржлив развој меѓу кои клучно е намалувањето на ризиците од природните катастрофи. Но истовремено, урбанистичкото планирање се наоѓа под притисок на брзата урбанизација што го отежнува имплементирањето на принципите на одржлив развој. Постојат голем број на населени места развиени во територии каде постои опасност од еден или повеќе видови на природни хазарди. Земјотресот се смета за еден од најдеструктивните, особено за урбаните средини кои имаат висока повредливост и голема густина на населеност. Предмет на истражување во докторскиот труд е процена на сеизмичкиот ризик во урбани средини како основа за одржлив урбан развој. Сеизмичката сигурност на изградената животна средина се базира на објекти проектирани и изградени согласно важечките сеизмички прописи. Но, урбаната структура на градовите се состои и од објекти изградени во различни периоди, пред и после воведување на сеизмичките прописи и истата е динамична како резултат на различни реконструкции и адаптации. Градбите изградени пред воведување на сеизмичките прописи имаат непознат степен на сеизмичка сигурност а со тоа ги прават урбаните средини повредливи на сеизмички ризик. Во рамки на докторатот, исто така е направена воведна анализа на постојната улога на урбанистичкото планирање во намалување на сеизмичкиот ризик низ преглед на праксата на урбанистичко планирање во неколку земји развиени во сеизмички активни региони. Со цел утврдување на нивото на сеизмички ризик и идентификување на урбанистичките параметри кои влијаат на сеизмичкиот ризик, како пилот студија е избрана урбана единица во оштина Карпош во Скопје, територија со релативно висока сеизмичност. Модерниот изглед на Градот Скопје започнал да се гради после земјотресот од 1963 година кој претставува најголема природна катастрофа во историјата на градот. За да се направи процена на сеизмички ризик на пилот студијата најпрво се дефинирани компонентите на ризик: хазард, изложеност и повредливост. Сеизмичкиот хазард е дефиниран со детерминистички и веројатносен пристап. Податоците за сеизмички хазард се превземени од базата на податоци на ESHM20 (Danciu et al., 2021). При детерминистичкиот пристап се дефинирани две земјотресни сценарија, земјотрес со Mw 6.6 на 10км и земјотрес со Mw 7.1 на 100км радиус од пилот студијата. Во веројатностниот пристап, интензитетот на движење на тлото е одреден за повратни периоди од 95 и 475 години. Локалните почвени услови се дефинирани согласно претходна студија направена од страна на ИЗИИС (Дојчиновски и сораб., 2013) и податоци од регионални почвени услови дефинирани во ESRM20 (Crowley et al., 2021). Компонентата изложеност е дефинирана според две урбанистички сценарија, постојна (сценарио 1) и планирана состојба (сценарио 2). Постојната состојба на градежниот фонд се базира на претходни студии на ИЗИИС (Нечевска-Цветановска и сораб., 2013; Apostolska et al., 2018), додека планираната состојба е дефинирана согласно ДУП (Тајфа план, 2015).
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/28873
Appears in Collections:Institute of Earthquake Engineering and Engineering Seismology: PhD Theses

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Disertacija_KE_KOMPLET_20.11.2023_print.pdfDoktorska disertacija10.5 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

70
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

36
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.