Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29102
Title: Безбедноста на домот преку приватното обезбедување и превенција на безбедносните ризици
Authors: GJurovski, Marjan 
Деаноска, Александра
Керметчиева, Сања
Keywords: дом, приватно обезбедување, безбедност,
Issue Date: 2019
Publisher: Комора на Република Северна Македонија за приватно обезбедување
Abstract: Во современите, демократски општества една од суштествените цели и задачи на приватниот безбедносен сектор е да го манифестира својот превентивен карактер во насока на заштита на граѓаните и нивниот имот. Секако, превентивната функција на приватната безбедност се реализира врз основа на позитивната законска регулатива која ја уредува оваа дејност со јавни овластувања, но истовремено превентивната улога на приватното обезбедување се темели на активности и дејствување изградени врз основа на квалитетна соработка и заемно разбирање со општеството, државата, заедницата. Токму заради истакнување на превентивната улога на приватното обезбедување, Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување спроведе проект насловен „Безбедно дома“. Овој проект ги поврза релевантните чинители кои имаат своја улога во грижа за безбедност на граѓаните: приватното обезбедување, Министерството за внатрешни работи и локалната самоуправа од една страна и академската заедница и пошироката јавност од друга страна, на начин што преку промотивни настани и стручни дебати се апострофираше значењето на превенцијата при гаранцијата на безбедноста на граѓаните и нивниот имот. Фокусот на интерес на проектот „Безбедно дома“ беше да го промовира превентивниот карактер и функција на приватната безбедност, преку моделирање и приспособување на приватното обезбедување кон актуелните ризици и извори на загрозување, натаму да поттикне зајакнување на амбиентот на заемна поддршка и соработка на приватната безбедност и јавната безбедност. Истовремено, проектот Безбедно дома продолжи да ја истакнува и потребата од континуирано вложување во сопствените капацитети и унапредување во работењето на приватното обезбедување, отвореност за комуникација и активно учество во заедницата, со цел да се придонесе за безбедноста на граѓаните и нивниот имот, како и генерално да се воспостават повисоки стандарди на работење и живеење. Во континуитет на исполнување на основната тенденција на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување за придонес во стручната литература и креирање траен пишан белег за 5 своите активности, проектот „Безбедно дома“ својата мисија ја преточи во ова пишано дел-студија именувана „Безбедноста на домот преку приватното обезбедување и превенција на безбедносните ризици“. Студијата која ја имате пред себе, започнува со нагласување на концептот на човековата безбедност преку три концепции, првата е заснована на човековите права и владеењето на правото, втората има хуманитарен пристап преку заштита на граѓаните од било какви форми на насилства и третото гледиште човековата безбедност треба да биде широко изградена и подразбира одржлив човечки развој, односно остварување, заштита и унапредување на економските, еколошките и социјалните права на граѓаните. Натаму, содржината нуди конкретни статистички показатели за криминалните трендови во република Северна Македонија и дополнително го илустрира мултидимензионалниот концепт на урбаната безбедност, нагласувајќи ја безбедноста на домот, особено преку превентивната улога на приватниот безбедносен сектор во заштита на граѓаните и нивниот имот. Студијата „Безбедноста на домот преку приватното обезбедување и превенција на безбедносните ризици“ своите согледувања финално ги заокружува со експликација на т.н. „ново нормални“ мега трендови во кои функционира приватниот безбедносен сектор, во кои се развива т.н „нова“ компанија за приватно обезбедување, која нуди интегриран безбедносен концепт како нова парадигма во понудата на своите услуги. Секако, во контекст на безбедноста на домот како носечки мотив на проектот кој ја генерира оваа студија, изложени се примарните услуги кои приватното обезбедување ги врши за потребите на граѓаните во насока на заштита на нивната лична и семејна безбедност и безбедноста на домот и имотот кој го поседуваат. Во наведениот дискурс може да се заклучи дека неспорно е дека безбедноста претставува основа на новиот, слободен, општествен модел, во кој приватното обезбедување заедно со националните институции има клучна улога во заедничките заложба за гаранција на безбедноста на граѓаните во државата. Оттука, искрено се надевам дека проектот „Безбедно дома“ и оваа студија „Безбедноста на домот преку приватното обезбедување и превенција на безбедносните ризици“ ќе дадат свој придонес во правилното разбирање на: потребата и начините за обезбедување на поединците и домот; превенцијата како приоритетна цел при грижа за приватната безбедност; високо професионално и стручно вршење на дејноста 6 приватно обезбедување преку понуда на широка палета на квалитетни услуги итн. За крај, должна благодарност Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување изразува до тимот експерти: проф д-р Марјан Ѓуровски, проф д-р Александра Деаноска и м-р Сања Керметчиева, за нивниот ангажман и посветеност во текот на реализација на проектот „Безбедно дома“ и формулирање на оваа студија „Безбедноста на домот преку приватното обезбедување и превенција на безбедносните ризици“ со која верувам дека ќе го поттикнеме вниманието и интересот како на стручната, академската, така и на севкупната јавност во нашата држава
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/29102
ISBN: 978-608-66216-4-3
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 02: Monographs / Монографии

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
MONOGRAFIJA - BEZBEDNOSTA NA DIMOT STUDIJA-FINAL-2019.pdfБезбедноста на домот преку приватното обезбедување и превенција на безбедносните ризици1.62 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

30
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

2
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.