Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/30136
Наслов: | „Лозје“ на Конески како (не)случаен настан во македонската книжевност | Other Titles: | Зборник на трудови од тркалезната маса „Делото на Конески постојан извор на истражувања во науката за јазикот, литературата и културата“ | Authors: | Антоновски, Иван | Keywords: | Блаже Конески, „Лозје“, проза, поетика, модернизам. / Blaže Koneski, “Vineyard”, prose, poetics, modernism | Issue Date: | ное-2021 | Publisher: | Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола; Педагошки факултет - Битола; Македонско научно друштво - Битола | Source: | Антоновски, И. 2021. „’Лозје’ на Конески како (не)случаен настан во македонската книжевност“. Зборник на трудови од тркалезната маса „Делото на Конески постојан извор на истражувања во науката за јазикот, литературата и културата“. Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола; Педагошки факултет - Битола; Македонско научно друштво - Битола, 132-139. | Conference: | Тркалезна маса „Делото на Конески: постојан извор на истражувања во науката за јазикот, литературата и културата | Abstract: | „..Не сум имал никогаш некоја намера посериозна да се бавам со проза. И таа збирка на некој начин случајно настана.“ – вели Блаже Конески за збирката раскази „Лозје“. Но, читана и вреднувана во севкупниот македонски книжевен контекст, оваа книга, иако нема доживеано потемелити критички осврнувања и оцени, не e многу вреднувана и во периодот на нејзиното објавување не само што не е случајност туку е и настан во современата македонска книжевност. И тоа не само заради тоа што неколку од расказите објавени во неа спаѓаат во антологискиот врв на македонскиот и јужнословенскиот (претходно и југословенскиот) прозен уметнички израз туку, пред сѐ, затоа што со „Лозје“, Конески има остварено еден исклучително важен исчекор за нашата белетристика како во тематска така и во изразна смисла. Исчитувањето на оваа книга во рамките на историскиот развој на македонската проза укажува дека нејзината објава можела да одигра клучна улога во осовременувањето на македонската книжевност, со ослободување од стереотипите и анахронизмите доминантно присутни во македонската (а и југословенска) прозна продукција по Втората светска војна. Во овој труд, „Лозје“ се исчитува и коментира од ваква перспектива, како остварување на исклучителна поетичка иновативност на своето време. Но, едновремено, во исчитувањето и коментирањето се имаат предвид и автопоетичките искажувања на Конески, коишто упатуваат кон неопходноста „Лозје“ да се вреднува како потврда на вдахновената, недогматска естетика на неговиот севкупен творечки израз. Притоа, се поставува и прашањето за развојот на македонската проза, доколку Конески имаше време повеќе да се посвети на изразувањето во прозна форма. / "…I have never had a serious intention to create prose. And that collection somehow was created by accident," said Blaže Koneski about his collection of short stories titled "Vineyard". However, read and valued in the overall Macedonian literary context, this book, although it has not experienced more thorough critical reviews and evaluations and is not much valued in the period of its publication, is far from an accident and represents an event in contemporary Macedonian literature. This is not only because several of the stories published in it belong to the anthological crown of the Macedonian and South Slavic (formerly Yugoslav) prose artistic expression, but above all, because with "Vineyard", Koneski has made an extremely important step forward for our fiction, both thematically and in terms of expression. Reading this book in the context of the historical development of Macedonian prose indicates that its publication has played a key role in modernizing Macedonian literature, freeing itself from the stereotypes and anachronisms predominantly present in Macedonian (and Yugoslav) prose production after World War II. This book, "Vineyard", is read and commented from such a perspective, as the realization of exceptional poetic innovation of its time. But, at the same time, in reading and commenting, Koneski's autopoetic expressions are taken into account, which points to the necessity of "Vineyard" to be valued as a confirmation of the inspired, non-dogmatic aesthetics of his overall creative expression. The question also arises about the development of Macedonian prose, if Koneski had more time to devote to expressing himself in prose. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/30136 |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Conference papers |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
2021 (1)-pages.pdf | Антоновски, И. 2021. „Лозје“ на Конески како (не)случаен настан во македонската книжевност | 1.93 MB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.