Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/30145
Title: | Мини-есејот како форма во есеистичкиот опус на Горан Стефановски | Authors: | Антоновски, Иван | Keywords: | мини-есеј, нацрт-есеј,Горан Стефановски, конзервирани импресии, форма, есеј. | Issue Date: | 2021 | Publisher: | Универзитет „Гоце Делчев“, Филолошки факултет, Штип | Source: | Antonovski, I. (2021). MINI-ESSAY AS A FORM IN GORAN STEFANOVSKI’S ESSAYISTIC WORKS. PALIMPSEST / ПАЛИМПСЕСТ, 6(11), 191-200. https://doi.org/10.46763/PALIM21116191a | Journal: | Палимпсест / Palimpsest | Series/Report no.: | Палимпсест / Palimpsest;Год. 6, Бр. 11 / Vol. 6, No 11 | Abstract: | Иако формата мини-есеј или нацрт-есеј сѐ уштене е цврсто нормирана во книжевната теорија, нејзиното присуство во книжевниот простор не може да се занемари, дотолку повеќе што таа се вбројува меѓу најчесто присутните форми на искажување на авторското есеистичко Јас во нашата современост. Оттука, оваа книжевна форма заслужува осврнување во критичко-теориското исчитување на современата книжевност, вклучително и на одделни творечки опуси, што може да доведе и до нови теориски согледби. Овој труд се осврнува на нејзиното присуство во есеистичкиот опус на Горан Стефановски, преку „конзервираните импресии“ од коишто повеќето за првпат се објавени во осмата и деветтата деценија на минатиот век. При нивното исчитување во контекстот на севкупното есеистичко творештво на Стефановски, мини или нацрт-есејот се потврдува како ексклузивитет на книжевниот есеизам. Согледувајќи го есеистичкото творештво на Стефановски како резултат на творечко-мисловен процес, овој труд упатува дека „импресиите“, како мини или нацрт-есеи, може да се сметаат за прва фаза на процесот во којшто есеизираните перцепции и размислувања за идентитетските прашања и дилеми присутни во еден дел од нив, коишто се тематско-мотивска доминанта на неговите натамошни есеи, минуваат низ творечко-мисловна, а истовремено и низ искуствено-когнитивна опсервирачка иницијација, со што еволуира нивната експликација во есеистичкиот текст до фазата на хипер-есеј. Прочитот од трудот, едновремено упатува и на заклучокот дека есеизмот не треба и не може во целост да се смета за многу подоцнежна пројава во творештвото на Стефановски, како и дека тематско-мотивските доминанти на неговите подоцнежни есеи не треба да се поврзуваат исклучително со состојбата на доброволен дводомен егзил и постјугословенскиот контекст. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/30145 | ISSN: | 2545-3998 | DOI: | https://doi.org/10.46763/PALIM21116191a |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
4446-Article Text-7352-2-10-20211006.pdf | МИНИ-ЕСЕЈОТ КАКО ФОРМА ВО ЕСЕИСТИЧКИОТ ОПУС НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ | 5.1 MB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
5
checked on Jul 11, 2024
Download(s)
1
checked on Jul 11, 2024
Google ScholarTM
Check
Altmetric
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.