Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/30171
Title: | Каде е Македонија во поезијата на Ацо Шопов? | Other Titles: | Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ / Proceedings of the International Scientific Conference 100 th Anniversary of the Birth of Aco Šopov Faculty of Philology – Stip May 25-26, 2023 | Authors: | Мојсова-Чепишевска, Весна Антоновски, Иван |
Keywords: | Македонија, Ацо Шопов, поезија, татковина, творечка фаза. | Issue Date: | 2023 | Publisher: | Универзитет „Гоце Делчев“, Филолошки факултет, Штип | Source: | Мојсова-Чепишевска, В и Антоновски, И. 2023. „Каде е Македонија во поезијата на Ацо Шопов?“. Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“. Штип: Филолошки факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“, 97-108. | Conference: | Меѓународна научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“, Штип, 25 и 26 мај 2023 година | Abstract: | Препрочитувањето на последната книга на Ацо Шопов, „Дрво на ридот“ (1980), упатува кон согледба дека во неа, за првпат во неговиот опус дотолку експлицитно е сеприсутна Македонија – речиси во секоја песна. Но, тоа и ја отвора дилемата – каде е Македонија во поезијата на Шопов? Зошто токму во последната своја книга, Шопов дотолку инсистира да ја споменува Македонија? Дали нејзината експлицитна присутност во оваа книга и претходно реферирањето кон татковината во збирката „Песна на црната жена“ (1976) се прво пројавување на Македонија во неговата поезија? Или всушност, Македонија е постојано присутна во поезијата на Шопов, а во оваа аманетна книга се пројавува експлицитно? Во потрагата по одговори на овие прашања, со исчитување на севкупниот опус на Шопов, во трудот се доаѓа до теза-заклучок дека Македонија е постојано присутна во неговата поезија, од првата до последната книга, при што во секоја негова творечка фаза е присутна во различна форма, соодветна на особеностите со кои таа фаза се одликува. Анализата во трудот, согледувајќи ја Македонија како дел од авторовата интимност, и вопоставувајќи синтези меѓу поезијата и искажувањата на Шопов надвор од поетската реч, отвора и други прашања. Меѓу другите и прашањето колку поезијата на Шопов е интимистичка само во една фаза или сите фази на неговото творештво се различни форми на поетски интимизам. Притоа се претставува и тезата-заклучок дека во поезијата на Шопов постојано има некоја спрега меѓу колективното и индивидуалното (и обратно), во патувањето од себеси до својата небиднина. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/30171 | ISBN: | 978-608-277-017-8 |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Conference papers |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
6257-Article Text-11026-1-10-20231228.pdf | Каде е Македонија во поезијата на Ацо Шопов? | 201.24 kB | Adobe PDF | View/Open |
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.