Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/30205
Title: | Дејствувачката естетика и објективната вистина во книжевната критика на Коста Солев Рацин | Other Titles: | (За некои особености на критичко-есеистичките текстови на Коста Солев Рацин) | Authors: | Антоновски, Иван | Keywords: | Коста Солев Рацин, книжевна критика, есеистика, објективна вистина, дејствувачка естетика, вистинска уметност | Issue Date: | 2023 | Publisher: | Филолошки факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје | Source: | Антоновски, И. 2023. „Дејствувачката естетика и објективната вистина во книжевната критика на Коста Солев Рацин“. Годишен зборник, кн. 47/48, 251-264. | Journal: | Годишен зборник на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ | Series/Report no.: | Годишен зборник;Кн. 47/48 | Abstract: | Споредено со севкупното публицистичко творештво на Коста Солев Рацин, помалку внимание досега е посветено на Рациновата книжевна критика, којашто иако не е обемна, имајќи ги предвид и спецификите на развојот на македонската книжевност, несомнено е дека има исклучително значење во севкупниот македонски книжевен и воопшто културно-историски контекст. Таа го детерминира т.н. Рацинов период во македонската книжевна критика којшто е темелник на современата македонска книжевно-критичка реч, но едновремено сведочи и за поставувањето на темелите на современата книжевна полемика во македонскиот културен простор, којашто задира и во согледувањата и концептите за естетските и поетички книжевни платформи и во вреднувачкиот суд за конкретни книжевни остварувања. Ова осврнување кон Рациновата книжевна критика има за цел да овозможи да се согледаат некои значајни димензии на Рациновата творечка личност остварена и преку книжевната критика и одново да се анализираат некои од ставовите на Рацин за книжевноста, од временска / историска дистанца од којашто може да се согледа и севкупниот македонски и југословенски / јужнословенски книжевен контекст на XX век. Акцентот на трудот е ставен на две фундаментални критичко-теориски категории во Рациновите критичко-есеистички текстови – клучни постулати на неговата критичка реч: дејствувачка естетика и објективна вистина. Анализата на контекстуализацијата на овие критичко-теориски категории во критичко-есеистичките текстови на Рацин, остварена преку исчитување на издвоени конкретни примери и преку исчитување на евкупниот критичко-есеистички Рацинов опус со посочување на конкретните текстови, упатува кон заклучна согледба дека станува збор за книжевна критика којашто застапува изградено стојалиште за книжевноста и за димензионирањето на натамошниот развој на македонската и јужнословенската книжевна, но и воопшто културна стварност и како таква, согледано од денешна перспектива, несомнено имала потенцијал да биде зародиш на една осмислена естетска платформа, што заслужува и потемелити проучувања и оцени. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/30205 | ISSN: | 1409-8571 |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Иван Антоновски, докторски студии, Годишен зборник.pdf | Коста Солев Рацин, Годишен зборник на Филолошкиот факултет | 699.29 kB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
10
checked on Jul 11, 2024
Download(s)
1
checked on Jul 11, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.