Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/30252
Title: | Визија, трансформација: утопии, дистопии и други замислени светови | Authors: | Малеска, Калина | Keywords: | утопии, дистопии, англиска книжевност, македонска книжевност | Issue Date: | Nov-2023 | Publisher: | Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје | Abstract: | Оваа книга се занимава со анализа на замислени светови, со утописки или дистописки елементи, во неколку литературни дела. Поделена е на три главни целини. Првата истражува книжевни утопии и дистопии во потесната смисла на зборот, како претставување замислени општества кои во дел од политичкото уредување се поинакви од реалноста на авторите. Овој дел почнува со преглед на развојот на утопискиот жанр, кој покажува голема виталност и флексибилност, и кој покажува дека визиите за подобрување на животот се сè уште можни, а продолжува со детални анализи на неколку дистописки дела. Втората целина се состои од неколку текстови за серијата Игра на тронови (и, делумно, серијата книги Песна за мразот и огнот), како замислен алтернативен свет кој одбива да ги дехуманизира своите ликови, ги прекршува и надминува наративните, идеолошките и другите конвенции на жанрот фантастика, ги поддржува општествените промени што носат поголема интегрираност, никогаш не запаѓајќи во носталгија или идеализирање. Третата целина вклучува текстови кои преку пристапот на обработка или преку содржината на анализираните книжевни дела се занимаваат со алтернативна интерпретација на некои нивни аспекти. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/30252 |
Appears in Collections: | Faculty of Philology: Books |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Vizija transformacija - Draft 5 - A5.pdf | 1.19 MB | Adobe PDF | View/Open |
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.