Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/3078
Title: | „Примена на векторските авторегресивни модели во макроекономското моделирање“ | Authors: | Трпкова несторовска, Марија | Keywords: | коинтеграција, векторски модел со корекција на грешка, инфлација, инфлација во евро зоната, инфлаторна инерција, Република Македонија | Issue Date: | 2014 | Publisher: | Faculty of Economics-Skopje | Source: | Trpkova, M. 2014 „Примена на векторските авторегресивни модели во макроекономското моделирање“, Докторска теза, Економски факултет-Скопје, УКИМ, Скопје | Abstract: | Овој труд има две цели. Првата цел е на сеопфатен и едноставен начин да ги прикаже концептите на нестационарност, тестовите на единечен корен, концептот на коинтеграција, векторските авторегресивни модели, векторските модели со корекција на грешка и нивното значење во моделирањето на макроекономските временски серии. Втората цел на овој труд е да изврши успешна примена на наведените концепти при анализирањето и моделирањето на инфлацијата во Република Македонија. Со користење на векторскиот модел со корекција на грешка со блок егзогени ограничувања и коинтеграцијата на избраните променливи интегрирани од прв ред се изготвени модели кои потврдуваат дека најважна детерминанта на инфлацијата на Република Македонија е инфлацијата во евро зоната. Во групата на фактори кои ја диктираат домашната инфлација се вбројуваат цената на нафтата на светските пазари, увозот на стоки, монетарниот агрегат М1 и инфлаторната инерција. Во трудот е елаборирано дејството кое наведените фактори го имаат врз инфлацијата, нивниот интезитет, насока на дејствување и времетраење. Креирани се два модела и двата предвидуваат дека стапката на инфлација ќе се намалува во 2014 година. Намалувањето на инфлацијата е логично, бидејќи со моделите е потврдена зависноста на домашната инфлација од инфлацијата во евро зоната, каде што според најновите извештаи, веќе постои реален ризик од дефлација и каде што се преземаат конкретни мерки за регулирање на оваа неповолна тенденција. Авторот смета дека сериозна дефлација не е сценарио за Република Македонија, но многу е веројатно намалување на домашната инфлација во месеците што следат, тврдење што официјалните статистики веќе го потврдуваат. Моделите ги идентификуваат клучните детерминанти на инфлацијата и предвидуваат реални оценки за стапката на инфлација, што укажува дека векторските авторегресивни модели се моќни и исклучително применливи модели во макроекономските истражувања | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/3078 |
Appears in Collections: | Faculty of Economics 05: PhD Theses / Докторски дисертации |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
2 Apstrakt.pdf | 343.93 kB | Adobe PDF | View/Open | |
3 Primena na VAR vo makroekonomsko modeliranje.pdf | 3.64 MB | Adobe PDF | View/Open | |
1 Prva strana, mentor, posveta.pdf | 467.16 kB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
252
checked on Jul 24, 2024
Download(s)
536
checked on Jul 24, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.