Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/5262
DC Field | Value | Language |
---|---|---|
dc.contributor.author | Наумоски, Александар | en_US |
dc.date.accessioned | 2019-11-07T14:25:30Z | - |
dc.date.available | 2019-11-07T14:25:30Z | - |
dc.date.issued | 2013 | - |
dc.identifier.citation | Наумоски, Александар (2013), „Процена на премијата за ризик на акционерскиот капитал во Република Македонија“, докторска дисертација, јавно одбранета на Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Економски факултет – Скопје, 25 Јуни 2013 | en_US |
dc.identifier.uri | http://hdl.handle.net/20.500.12188/5262 | - |
dc.description.abstract | АПСТРАКТ Премијата за ризик на акционерскиот капитал претставува одвишок принос над безризичната стапка која треба да му овозможи компензација на ризико-аверзичните инвеститори за преземање на ризикот од инвестирањето во акции. Со тоа, поризичните инвестиции треба да понудат поголема награда за да се сметаат за еквивалентни на помалку ризичните инвестиции. Премијата за ризик е еден од клучните параметри во корпоративните финансии, вреднувањето и портфолио менаџментот. Нејзината големина има импликации врз дисконтанта стапка и со тоа на низа одлуки кои се носат во финансиското одлучување. Оттука, нејзината прецизна процена е од исклучително значење. Премијата за ризик има централно место во моделите за ризик и принос и е најсложениот параметар за процена. Појдовна основа за добро разбирање е да се прави разлика помеѓу четирите концепти на премијата за ризик: 1) историска премија - историски, односно реализиран диференцијален принос на пазарот на акции над приносот на владините хартии од вредност; 2) очекувана премија - очекуван диференцијален принос на пазарот на акции над очекуваниот приносот на владините хартии од вредност; 3) барана премија - интраментален принос на пазарното портфолио од акции над безризичната стапка на принос барана од инвеститорот за да го поседува пазарното портфолио; и 4) имплицитна премија - барана премија за ризик на акционерскиот капитал која е определена со примена на моделите за предвидување и под претпоставка дека пазарните цени се коректни. Иако премијата за ризик е концепт кој гледа кон иднината, најчесто применуван пристап за нејзина процена се базира на историските остварени приноси. Доколку веруваме дека минатото ќе се повтори во иднината, само тогаш овој пристап е валиден. Големиот број истражувачи сметаат дека порелевантни се пристапите на имплицитната и на очекуваната премија за ризик. Целта на оваа докторска дисертација е да проникне во теоретските фундаменти на премијата за ризик и со применa на методолошки пристап да се изврши процена на премијата за ризик на акционерскиот капитал во Република Македонија. Со цел да се обезбеди сеопфатност на проблематиката, секој од горе наведените концепти ќе биде посебно обработен. Како резултат на тоа ќе биде прикажано дека сите концепти даваат различна процена, а проблемот тука ќе биде на изборот на вистинската големина која треба да се примени во теоретските и практичните апликации. ABSTRACT Equity risk premium is the excess return over the risk free rate that should allow compensation for risk-averse investors for undertaking the risk of investing in stocks. Hence, more risky investments should offer greater return to be considered equivalent to less risky investments. The risk premium is one of the key parameters in corporate finance, valuation and portfolio management. Its size has implications on the discount rate and with it on series of decisions made in the financial decision-making. Hence, its precise estimation is of utmost importance. The equity risk premium has a central place in the risk - return models and is the most complex parameter to estimate. Basis for a good understanding is to distinguish between the four concepts of equity risk premium: 1) historical premium - differential historical or realized return of the stock market over the yield on government securities; 2) expected premium - expected differential return of stock market over the expected yield on government securities; 3) required premium - incremental return on the market portfolio of stocks over the risk free rate of return required by the investor to own the market portfolio; 4) implicit premium - required equity risk premium, which is determined by applying the models for prediction and assuming that market prices are correct. Although the risk premium is a concept that is forward looking, the most commonly applied approach for its estimation is the historical premium. If we believe that the past will be repeated in the future, only then this approach is valid. Large number of researchers believe that the more relevant approaches are the implicit and the expected risk premium. The aim of this doctoral thesis is to delve into the theoretical foundations of the risk premium and to apply different methodological approaches for estimating the equity risk premium in the Republic of Macedonia. In order to ensure the comprehensiveness of the issue, each of the above concepts will be specifically addressed. As a result, it will be shown that the different concepts give different estimation, and the problem here would be choosing the right ERP to be applied in theoretical research and in practice. Keywords: risk, equity risk premium, market risk premium, risk free rate, dividend discounted model, country risk premium, estimation, ARIMA, ARCH, GARCH, the Republic of Macedonia | en_US |
dc.language.iso | mk | en_US |
dc.publisher | Економски факултет - Скопје | en_US |
dc.subject | ризик, премија за ризик, акционерски капитал, пазарна премија за ризик, безризична стапка, модел на дисконтирана дивиденда, ризик на земја, процена, ARIMA, ARCH, GARCH, Република Македонија | en_US |
dc.title | Процена на премијата за ризик на акционерскиот капитал во Република Македонија | en_US |
dc.title.alternative | Estimating the equity risk premium in emerging countries – the case of the Republic of Macedonia | en_US |
dc.type | Thesis | en_US |
item.grantfulltext | none | - |
item.fulltext | No Fulltext | - |
crisitem.author.dept | Faculty of Economics | - |
Appears in Collections: | Faculty of Economics 05: PhD Theses / Докторски дисертации |
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.