Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6602
Title: Семејството и интелектуалната попреченост
Authors: Кескинова, Ангелка 
Радуловиќ, Македонка 
Авировиќ Бундалевска, Ирена 
Драговиќ, Ивана
Keywords: семејство, родители, согорување, интелектуална попреченост, девијантно однесување, браќа и сестри
Issue Date: 2019
Publisher: Сојуз на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ
Conference: Меѓународна научно-стручна конференција: 70 години – организирана едукација, рехабилитација и вработување на лица со попреченост во Република Северна Македонија.
Abstract: Долго време истражувачкиот фокус бил ставан на психолошкото влијание што го има родителот врз детето, но од поново време фокусот полека се преместува кон проучување на психолошкиот ефект што детето може да го има врз членовите во семејството. Константната поддршка што семејството треба да ја обезбеди на детето со интелектуална попреченост, често пати може да предизвика нивно согорување, односно проблеми во менталното здравје, зголемено ниво на стрес, чувство на помала вредност и срам, намалена физичка функционалност, измореност и исцрпеност. Со раѓањето на детето со интелектуална попреченост, се зголемуваат и обврските на неговите браќа и сестри, односно тие имаат дополнителна улога што ја немаат нивните врсници. Од нив се очекува да се грижат за својот брат/сестра со интелектуална попреченост, т.е. имаат поголеми одговорности и обврски кон нив. Целта на нашето истражување беше утврдување на семејната хармонија и односот помеѓу членовите во семејството. Во насока на остварување на целта ги поставивме следните задачи: утврдување на фреквентноста на девијантни однесувања кај членовите во семејството и интеракција на детето со интелектуална попреченост со неговите браќа/сестри. Во истражувањето беа опфатени 104 семејства кои имаат дете со интелектуална попреченост. Од методите ги користевме дескриптивниот метод и методот за генерализација. Преку анализата на податоците дојдовме до заклучок дека висок е процентот на девијантни однесувања, т.е. во 14,42%, односно кај 15 семејства се забележани девијантни однесувања, најчесто алкохолизам и семејно насилство. Во однос на субјективното доживување на родителите утврдивме дека 63,04% во одредена мера, помала или поголема, почувствувале дека ги запоставуваат своите други деца поради обврските што ги имаат кон детето со интелектуална попреченост.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6602
ISBN: 978-608-65438-6-0
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 05: Conference papers / Трудови од научни конференции

Show full item record

Page view(s)

112
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

22
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.