Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6997
Title: Ревитализација на опожарени шумски екосистеми преку природно обновување
Other Titles: Rehabilitation of burned forest ecosystems by natural regeneration
Authors: Велковски, Николчо 
Ацевски, Јане 
Василевски, Коле 
Симовски, Бојан 
Keywords: шумски екосистем, ревитализација, природна обнова, шумска дендрофлора, пионерски видови
forest ecosystem, rehabilitation, natural regeneration, forest dendroflora, pioneer species
Issue Date: 2013
Publisher: Македонско еколошко друштво
Source: Велковски Н., Ацевски Ј., Василевски К. и Симовски Б. (2013). „Ревитализација на опожарени шумски екосистеми преку природно обновување“. IV Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество и одбележување на 40 години од формирањето на Македонското еколошко друштво, Охрид, 12–15 октомври 2012 година. Македонско еколошко друштво, Скопје. Посебно издание, 28, 15–25. https://doi.org/10.13140/rg.2.1.4935.8486
Journal: Посебно издание
Conference: IV Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество и одбележување на 40 години од формирањето на Македонското еколошко друштво, Охрид, 12–15 октомври 2012 година
Abstract: Шумските екосистеми се еден од најзначајните столбови на растителниот и животинскиот биодиверзитет, но нивната стабилност и одржливост често пати е загрозувана од различни биотски, антропогени или абиотски фактори. Во одредени случаи настанува и до целосно уништување на одреден шумски екосистем. Во таквите случаи многу чест и многу сериозен причинител се шумските пожари, кои за кусо време опожаруваат големи шумски површини и значително го нарушуваат или целосно уништуваат шумскиот екосистем. Сепак, способноста за природно обновување како карактеристика на шумската дендрофлора е значаен фактор за повторно воспоставување на шумска вегетација на опожарените шумски површини и целосна ревитализација на шумскиот екосистем. Целта на овој труд е да се утврдат основите природни сукцесивни процеси на шумската дрвенеста вегетација кои се појавуваат некоку години по силен шумски пожар од кој целосно е уништен шумскиот екосистем. Со проучувањето на појавата, развитокот, квалитативните и квантитативни карактеристики на единките од природната обнова се добиени податоци за можноста и успешноста на ревитализацијата на опожарениот шумски екосситем. За таа цел извршени се теренски истражувања преку директни мерења и проучувања на природната обнова со методот на пробни површини. Добиените резултати укажуваат на тоа дека опожарената шумска површина постепено се ревитализира, првенствено со пионерски видови од шумската дендрофлора, но за целосна ревитализација на шумскиот екосистем е потребен долг временски период. The forest ecosystems are one of the most important foundations of the biological diversity concerning flora and fauna, but forest’s natural balance and sustainability are often on impact and influence by wide spectra of biotic, anthropogenic or abiotic factors. In specific circumstances, some of the forest ecosystems can be totally destroyed. Namely, the wildfires, in particular forest fires can cause enormous consequences and devastating impact on forest ecosystems; for short period of time forest fires can burn large forest mass and make the forest ecosystem an erasure. Even so, the forest vegetation has a very important and essential ability- the dendrofloral capacity for natural regeneration, both vegetative and by seed, and for a period of time to re-establish and implicitly rehabilitate, i.e. to grew up and become a forest as it once was. The main purpose of this scientific paper is to determine and note the basic natural succession processes of the forest dynamics after forest fire, particularly the natural regeneration of the forest woody species. Thus, determination of the appearance, development, qualitative and quantitative characteristics of the individuals in a natural regeneration process were made and the data base was analyzed to see the possibility and efficiency of the rehabilitation of the burned forest ecosystem. Therefore, field examinations were made using direct measurements and research of the presence of the natural regeneration; the method of the sample plats was used. The results indicate that burned forest area gradually and progressively regenerates, primarily with pioneer species of the forest dendroflora. After all, for complete rehabilitation of the forest ecosystem there is a need of a long period of time; eventually, the forest regenerates slowly, but assuredly.
Description: Објавено научно излагање на конференција
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/6997
ISBN: 978-9989-648-27-4
DOI: 10.13140/rg.2.1.4935.8486
Appears in Collections:Hans Em Faculty of Forest Sciences, Landscape Architecture and Environmental Engineering: Conference papers

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Rehabilitation_of_burned_forest_ecosystems_by_natural_regeneration.pdfFull text: Macedonian (with English abstract and summary)351.37 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

203
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

45
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check

Altmetric


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.