Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8631
Title: Родителски стилови кај лица од рана возрасна доба со различен степен на образование и функционалност на семејството
Authors: Фрицханд, Ана 
Киткањ, Зоран 
Милошевска, Соња
Keywords: родителски стил, степен на образование, функционалност на семејство, рана возрасна доба
Issue Date: 2017
Publisher: Здружение за теорија и практика на образованието „Образовни рефлексии“ - Скопје
Source: Фрицханд, А., Киткањ, З., Милошевска, С. (2017). Родителски стилови кај лица од рана возрасна доба со различен степен на образование и функционалност на семејството, Списание за теорија и практика на образованието Просветно Дело, 70, 5, 20-35 UDK: 37.064.1-057
Journal: Списание за теорија и практика на образованието Просветно дело
Abstract: Во овој труд се испитуваат разликите во родителските стилови кај лица од рана возрасна доба со различен степен на образование, кои живеат во функционални, односно во дисфункционални семејства. Во истражувањето се опфатени вкупно 160 испитаници, на возраст од 25 до 40 години, од кои 80 живеат во функционални семејства, а 80 живеат во дисфункционални семејства. Според степенот на образование, испитаниците се поделени на три групи - со завршено основно образование (N=33), со завршено средно образование (N=89) и со више и високо образование (N=38). Фокусот на мерењето е насочен кон авторитарниот, попустливиот, занемарувачкиот и авторитативниот родителски стил. Добиените резултати се во согласност со поголемиот број истражувања на оваа тема. Имено, лицата со понизок степен на образование почесто ги практикуваат авторитарниот, попустливиот и занемарувачкиот родителски стил, во споредба со лицата со високо образование кај кои овие стилови се поретко застапени, а најчесто се практикнува авторитативниот (демократски) родителски стил. Исто така, родителите кои потекнуваат од функционални семејства значително повеќе го практикуваат авторитативниот стил, во споредба со родителите од дисфункционалните семејства, кои почесто го практикуваат авторитарниот, односно попустливиот родителски стил.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/8631
ISSN: 0350-6711
Appears in Collections:Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
Roditelski stilovi.pdf778.69 kBAdobe PDFThumbnail
View/Open
Show full item record

Page view(s)

113
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

462
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.