Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/9769
Title: | ЕТНОГРАФСКИ ИЗВОРИ ЗА МАКЕДОНИЈА. ЕТНОЛОШКИ АТЛАС НА СФРЈ. ЕТНОЛОШКИ АТЛАС НА СР МАКЕДОНИЈА. | Other Titles: | ПРАШАЊЕ БР. 124: РАЃАЊЕ, ДОЕЊЕ, ПРВ ЗАБ, T. I, КН.1 и КН. 2 | Authors: | Љупчо С. Ристески Еда Старова - Тахир Веле Змејкоски Ѓоко Атанасов |
Keywords: | Етнолошки атлас, етнографска карта, СФР Југославија, СФР Македонија, раѓање, доење, прв заб | Issue Date: | 2019 | Publisher: | Институт за етнологија и антропологија, Природно-математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје | Abstract: | Со податоци за големиот југословенски проект „Етнолошки атлас на СФР Југославија“ јас за прв пат се сретнав во пролетта 1993 година започнувајќи ја својата истражувачка работа врз ракописната оставина на проф. д-р Бранислав Русиќ што се чува во посебен архивски фонд во Архивот на МАНУ. На повеќе наврати во архивските материјали на фондот се спомнуваше работата и ангажманот на проф. Бранислав Русиќ како „главен повереник“ за работата на Етнолошкиот атлас за СР Македонија и како еден од авторите на „Прашалниците“ што биле користени како основа за реализирање на теренските истражувања на територијата на целата СФРЈ. Во архивските материјали, тогаш, не видов ништо од богатиот етнографски материјал собран низ Македонија. Видов само дел од неколкуте варијанти на темите и прашањата, кои, како делови од обемните теренски прашалници, ги беше составил Бранислав Русиќ. Сепак, во архивските материјали, Русиќ има зачувано доста документи, некои од нив се од негови текстови објавени во весникот „Нова Македонија“ низ кои, тој како автор и член на Комисијата за Етнолошкиот атлас на Југославија од Македонија, ја известувал македонската и југословенската стручна и поширока јавност за целите, реализацијата и значењето на овој голем проект. Работејќи врз ракописната оставина на проф. Бранислав Русиќ, пролетта 1993 година, во Белград се сретнав и со неговата ќерка Надица Русиќ, од која, разговарајќи за неговата дејност поврзана со етнографскиот атлас, дознав дека, всушност, сè до смртта на професорот во 1971 година, неговиот кабинет во нивниот дом во Скопје бил полн со веќе пополнети теренски прашалници, кои веднаш по смртта со камион биле превезени во Центарот за Етнолошки атлас во Загреб. Впечатокот што г-ѓа Надица Русиќ го имаше за значењето на овој материјал, како и за ургентноста на целата ситуација материјалот да биде во целост пренесен во Загреб, на некој начин се пренесе и врз мене. Сепак, по дипломирањето веднаш не пројавив активен интерес за увид во материјалите поради низа околности, но бев во тек со случувањата во другите поранешни југословенски републики, во кои, по распаѓањето на Југославија, веќе се организираа иницијативи за правење копии од овие материјали со цел да се пренесат во нивните центри. По моето докторирање во 2002 година, се создадоа пореални услови мојот интерес за овие материјали да се преточи во истражувачки проект за практично обезбедување копии од овие материјали за потребите на македонската стручна и поширока јавност. Тогаш Заводот за етнологија на Природно-математичкиот факултет при УКИМ во Скопје, на неколку наврати, се обиде да пријави предлог на истражувачки проекти поврзани со прашањето на етнолошките атласи. Сепак, дури во пролетта 2010 година, во рамките на мојот студиски престој на Одделението за етнологија и антропологија на Филозофскиот факултет во Загреб, а финансиран од програмата CEEPUS, за прв пат го посетив Центарот за Етнолошки атлас и Архивот каде што се сместени и се чуваат сите материјали. Благодарение на љубезноста и топлите колегијални и пријателски односи со тогашниот раководител на Одделението за етнологија и антропологија, проф. д-р Горан Павел-Шантек, и проф. д-р Бранко Ѓаковиќ, јас добив пристап до овие материјали. Промените што веќе се беа случиле во постјугословенските и постсоцијалистичките републики реско го рефлектираа и свртувањето на дисциплинарниот дискурс на етнологијата и антропологијата надвор од фокусот на етнографското и етнолошкото картографирање. Дисциплинарниот дискурс за напуштање на „застарените“ амбиции за систематско следење, бележење, документирање, обработка и картографирање на културните појави со користење прашалници беше целосно видлив во состојбата на Центарот и на Архивот. Само неколку поединци, меѓу кои најмногу професорот Бранко Ѓаковиќ, се грижеа за овие материјали и се трудеа тие барем да останат во формат во кој ќе бидат употребливи и достапни за следните генерации. Откако почнав да пребарувам и прегледувам по материјалите, подредени и систематизирани според стандардите на Центарот, моето изненадување стануваше сè поголемо и поголемо како што го согледував обемот на материјалите што се запишани и собрани на територијата на Социјалистичка Република Македонија. По еден цел ден поминат низ Архивот, сфатив дека копирањето на сите материјали е невозможно во рамките на едномесечен студиски престој, поради што ноќта ја поминав размислувајќи како да се оптимизира престојот и работата врз материјалите, а сепак селектираниот материјал да сочинува некаква целина. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/9769 |
Appears in Collections: | Faculty of Natural Sciences and Mathematics, Institute of Ethnology and Anthropology: Books |
Show full item record
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.