Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9873
Title: Проценка на нутритивниот статус кај деца во град Скопје - компаративна анализа за периодот 2010 - 2016 година
Other Titles: Assessment of nutritional status of children in Skopje - comparative analysis for the period 2010-2016
Authors: Gjetaj Jakovski, Marije
Игор Спироски 
Гордана Ристовска 
Keywords: деца
исхрана
зголемена телесна тежина
дебелина
јавно здравје
Issue Date: 22-Aug-2019
Publisher: INSTITUTE OF PUBLIC HEALTH OF REPUBLIC OF NORTH MACEDONIA
Journal: Archives of Public Health
Abstract: Цел на трудот беше да се направи компаративна анализа на нутритивниот статус на деца на возраст од 6 до 8 години во градот Скопје во 2010 и 2016 година. Материјал и методи: За спроведување на  истражувањето во 2010 и 2016 година беше развиен протокол кој беше усогласен со протоколот на COSI истражувањето. Во двата круга на собирање на податоци во 14 основните училишта на територијата на град Скопје беа одбрани деца од второ одделение. Антропометриските испитувања се вршени според стандардите на СЗО за мерење на висина и тежина. Референците за раст на училишни деца на СЗО од 2007 година беа користени за да се пресметаат z-скоровите на стандардни девијации на индексот телесна маса-за-возраст (БМИ/В), како и за интерпретација на антропометриските индикатори.  Финалната обработка на податоците и проценката беше направена со примена на WHO AnthroPlus софтверот. Резултати: Вкупниот број вклучени деца во истражувањето во 2010 година беше 324, од кои 174 машки и 150 женски деца.  Во истражувањето во 2016 година беа вклучени 365 деца, од кои 183 машки и 182 женски деца. Индексот БМИ/В кај децата мерени во 2010 година покажа кај 0,3% потхранетост кај сите деца. Индексот БМИ/В покажува дека речиси кај една третина од децата постои зголемена ТТ и дебелина, со тоа што во 2010 година процентот на деца со зголемена ТТ и дебелина е повисок  (32,4%) во однос на 2016 година (28,8%).  Исто така, поголем процент на дебели деца се измерени во 2010 година (14,5%)  во споредба со 2016 година (12,6%). Околу 5% од децата се со екстремна дебелина (% > +3СД) и се евидентирани во 2010 година, додека во 2016 година таа состојба е присутна кај 4,7%.  Заклучок: Кривата на дистрибуција е поместена надесно во однос на референтните вредности, односно проблемите со исхраната на децата се поместени кон ризиците од зголемена телесна тежина и дебелина. Според тоа, и јавноздравствените акции треба да бидат насочени во тој правец. Потхранетоста, било умерена или тешка, ретко се среќава и не претставува значаен јавноздравствен проблем кај децата на оваа возраст во Македонија.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9873
DOI: 10.3889/aph.2019.4203
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Show full item record

Page view(s)

54
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check

Altmetric


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.