Please use this identifier to cite or link to this item: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9921
Title: Надворешното влијание врз надворешната политика и меѓуетничките односи: случajот на Република Северна Македонија
Other Titles: External Influence over Foreign Policy and Inter-Ethnic Relations: the Case of Republic of North Macedonia
Authors: Лека, Ѓераќина
Issue Date: 2021
Publisher: Филозофски факултет, Скопје
Source: Лека, Ѓ. (2021). Надворешното влијание врз надворешната политика и меѓуетничките односи: случajот на Република Северна Македонија. Докторска дисертација. Скопје: Филозофски факултет.
Abstract: Во ера на динамични меѓународни интеграции, улогата што тие ја играат не само во меѓународните, туку и во домашните односи, заслужува посебно внимание на научникот. Оваа дисертација се осврнува на прашањето на меѓународната и националната интеграција, со истражување на односот помеѓу однесувањето на надворешната политика и меѓуетничките односи во малите, мултиетнички држави. Улогата на надворешната политика се посматра преку нејзиното поставување кон меѓународната интеграција, имено преку однесувањето што го покажува кон надворешните фактори кои ги условуваат меѓународните интеграции на државата. Ефектите од ова однесување се истражуваат во рамките на внатрешните односи на етнички различните групи. Истражувањето го користи случајот на Македонија за истражување на горенаведениот однос помеѓу надворешната политика и меѓуетничките односи. Неговите главни аргументи, формулирани врз основа на две истражувачки прашања, наведуваат дека надворешната политика дејствува како фактор на единство помеѓу етнички различните групи, кои проектираат слични преференции кон ориентацијата на надворешната политика. Надворешните предизвици за таквата надворешно-политичка ориентација, сепак, претставуваат закани кои можат да ја намалат обединувачката улога што ја проектира надворешната политика над етничките групи со ниско ниво на национална интеграција. Тезата е структурно организирана во теоретски и емпириски поглавја. Главно се користи експлоративен пристап како најсоодветна методологија за истражување на комплексни односи за кои е потребно сложено разбирање. Тезата, исто така, ги презентира постојните знаења за надворешната политика на малите држави и теориите за национална интеграција, потребни за да им се помогне на квалитативните наоди да добијат форма на изјави и да добијат пренослива примена во други поставки. Воведното поглавје на оваа теза го изложува проблемот на истражувањето, прашањата, целите и диспозицијата. Следните три поглавја презентираат различни теоретски аспекти, почнувајќи со историски преглед на надворешната политика и меѓуетничките односи во Македонија, потоа со преглед на постојната литература и на крај со изградба на теоретска рамка. Емпириските поглавја започнуваат со опис на методолошките пристапи, фокусирајќи се на полу-структурирани интервјуа, како главна алатка за собирање на податоци и на тематска анализа, како главен инструмент за анализа и дискусија на наодите. Поглавјата на наоди, дискусија и заклучок ги презентираат главните резултати добиени од истражувањето. Тие откриваат силна обединувачка улога што ја има надворешната политика во однос на меѓуетничките односи на Македонија, која е, сепак, многу оспорена од надворешни билатерални закани. Одговорот на надворешната политика кон надворешните закани резултира како значаен детерминирачки фактор на единство или поделба меѓу етничките групи на една мала држава.
Description: Докторска дисертација одбранета во 2021 година на Филозофскиот факултет во Скопје, под менторство на д–р Мајкл Шулц.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/9921
Appears in Collections:UKIM 02: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа
Faculty of Philosophy 09: Dissertations from the Doctoral School / Дисертации од Докторската школа

Files in This Item:
File Description SizeFormat 
gleka2021mk.pdf2.09 MBAdobe PDFView/Open
gleka2021eng.pdf1.87 MBAdobe PDFView/Open
Show full item record

Page view(s)

244
checked on Jul 24, 2024

Download(s)

844
checked on Jul 24, 2024

Google ScholarTM

Check


Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.