Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/12045
Наслов: | Комбинација на резенки во реконструкција на големи дефекти на очните капаци и периорбита | Other Titles: | Combination of flaps in reconstruction of large eyelid and periorbital defects | Authors: | Мостров Илија Новески Лазо Џонов Боро Дамеска Љиљана Пенева Маргарита Росо Ивана |
Keywords: | реконструкција очни капаци комбинирани резенки големи дефекти |
Issue Date: | 2010 | Publisher: | Македонско лекарско друштво = Macedonian Medical Association | Journal: | Македонски медицински преглед = Macedonian Medical Review | Abstract: | Вовед. Ексцизија на тумори и траума се двете најчести причини за дефекти на очните капаци кај кои е потребна хируршка реконструкција. Реконструкцијата има цел да обезбеди добра функција на очниот капак, односно заштита на очното јаболко и сочувување на видот, но исто така и задоволителен естетски изглед. Поради комплексната структура на очниот капак (о.к.), оваа хируршка интервенција е деликатна и посебно тешка кај големите дефекти на о.к. и периорбитата. Целта на овој труд е да ја прикажеме реконструкцијата на големи дефекти на о.к. и периорбитата кај четири наши случаи, со примена на комбинација на резенки, кај кои не можевме да го затвориме дефектот со една стандардна резенка. Методи. Овој труд прикажува 4 пациенти оперирани во периодот 2008-2009 година на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во скопје. Применивме различни комбинации на кожни резенки во зависност од потребите на секој индивидуален случај. Пациентите постоперативно се следени 6-24 месеци. Резултати. Во сите случаи постигнавме задоволителни резултати, односно добра функција на о.к. и приближно нормален изглед. Заклучок. Методот на хируршката реконструкција е диктиран од големината и локализацијата на дефектот кој настанува по отстранување на карциномот. Комбинацијата на кожни резенки, ако соодвтно ја користиме, ни овозможува реконструкција со добра функција и приближно нормален изглед. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/12045 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Journal Articles |
Files in This Item:
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.