Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12608
Наслов: Дизморфофобија и естетска хирургија
Other Titles: Body Dysmorphic Disorder and Aesthetic Surgery
Authors: Марија Милошевска Мијалковска
Ѓорѓе Џокиќ 
Христина Брешковска 
Ана Томановиќ Тодорова
Keywords: дизморфофобија
естетска хирургија
степен на застапеност
резултат
Issue Date: 23-ное-2015
Publisher: Scientific Foundation SPIROSKI
Journal: Македонско медицинско електронско списание
Abstract: ОСНОВА: Дизморфофобија, или на англиски Body Dismorphic Disorder (BDD) е релативно често и многу тешко заболовање кое многу пати поминува недијагностицирано. Со вакви пациенти во контакт се како психијатрите така и пластичните хирурзи и дерматолозите затоа што ваквите пациенти многу често се обраќаат кај нив барајќи естетска корекција која најчесто не е решение на нивниот проблем. Ова заболување е битно, треба да се помисли на него за да се дијагностицира затоа што е проблем за пластичните хирурзи затоа што овие пациенти прават проблеми, никогаш не се задоволни, ги тужат своите доктори, така претставува проблем е и за самите пациенти затоа што овие пациенти се сериозно болни. Тоа се пациенти кои не се задоволни со својот изглед, најчесто се со самоубиствени идеи, некои веќе имаат во минатото обиди за самоубиство, а дел и завршуваат со самоубиство. Затоа ова заболување е важно, не смее да се потцени и треба да се помисли на него за да се дијагностицира. ЦЕЛ: Од севкупно искористената литература, произлезе целта на истражувањето, а тоа е да го покаже процентот на застапеност на БДД испитуван по студии во естетската хирургија, да се види на која возраст пациентите најчесто бараат естетска корекција, и да се презентира понатамошниот тек на ова заболување кај пациенти кои се јавиле и добиле хируршки третман. Во заклучокот се дискутира за процентот на БДД кај пациенти кои побарале естетска операција и околу тоа дали такви пациенти треба да се третираат хируршки. МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ: Беше направено пребарување во базите на податоци со отворен пристап Pub Med, Embase Medline. Пребарувањето беше направено според клучните зборови “body dysmorphic disorder, BDD”, “aesthetic surgery”, “prevalence”, “outcome”. Беа вклучени сите трудови каде беше опишана БДД во естетска хирургија и исходот на естетските процедури кај БДД пациенти. Исклучувачки критериуми: Студии на детска популација, студии кои не беа на англиски јазик, студии каде БДД се разгледа во нехируршки естетски студии, студии каде се објаснува БДД и коморбитетот, студии кои не се дадени во целост. Во прегледот беа вклучени проспективни, пресечни и ретроспективни студии кои беа достапни во целосен текст. Беше направен и преглед на референтните листи од студиите кои беа вклучени во овој ревиски труд за добивање на дополнителни релевантни податоци. РЕЗУЛТАТИ: Резултатите добиени од литературните и научните истражувања укажуваат на фактот дека степенот на застапеност на БДД во естетска хирургија варира во поединечни студии. Воочена е најниска застапеност од 3.2, а највисока застапеност од 53.6% што укажува на јасна врска меѓу пациенти со БДД кои бараат естетска хируршка интервенција. Во просек овие пациенти се околу 40-та година од животот. Во однос на резултат од естетскиот третман на лицата со БДД разгледани се 2 студии и како заклучок може да се каже дека естетските интервенции во еден одреден лимитиран дел водат до подобрување на симптоматологијата на БДД. ЗАКЛУЧОЦИ: БДД е често психијатриско заболување кое често води до естетска хируршка интервенција. Битно е да постои предоперативен скрининг на вакви пациенти за нивно правилно дијагностицирање, насочување и третман.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12608
DOI: 10.3889/mmej.2015.50017
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

56
checked on 24.7.2024

Google ScholarTM

Проверете

Altmetric


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.