Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12642
Наслов: АТИПИЧЕН СПИТЦ НЕВУС ВО ДЕТСКА ВОЗРАСТ
Authors: Силвија Дума 
Ѓорѓе Џокиќ 
Христина Брешковска 
Keywords: спитц невус
дермоскопија
детство
Issue Date: 2019
Publisher: Association of the Albanian Doctors from Macedonia
Journal: Medicus
Abstract: Спитц невус претставува ретка меланоцитна неоплазма на епителоидните или врететеновидните клетки. За прв пат опишан во 1948 год.од страна на Софи Спитц (американски патолог) како” јувенилен меланом “специјална форма на бенигна меланоцитна лезија. Поради различноста во презентација на клиничката слика како и тешката хистолошка дистинкција на дијагнозата ,сеуште не постои козензус или водич базиран на докази за третманот.Пристапот е индивидуален и се третира секој случај засебно. Во трудот презентираме женско дете на возраст од 4 години ,со појава на на пигментирана нодуларна лезија на десниот образ забележана неколку месеци после раѓањето.Лезијата бележи постојан раст кој се интензивира во последните шест месеци.Исто така дермоскопскиот наод дава податок за промена на колоритетот на лезијата. Спроведена е хируршка екцизија ин тото,како и хистолошко и имунохистохемиско иследување,кој ја потврдуваат дермоскопската дијагноза Спитц невус. Редовното дермоскопско следење,како и хистолошката и имунохистохемиската дијагноза се основата на рано дијагностицирање и диференцирање на Спитц невусот од Спитцоидниот меланом.
URI: http://hdl.handle.net/20.500.12188/12642
ISSN: 1409-6366
Appears in Collections:Faculty of Medicine: Journal Articles

Прикажи целосна запис

Page view(s)

102
checked on 24.7.2024

Google ScholarTM

Проверете


Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.