Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/1395
Наслов: | Проверка на психометриските карактеристики на скалата на потреба од затворање | Authors: | Сулејманов, Филип | Keywords: | потреба од затворање, анализа на ставки, анализа на главни компоненти | Issue Date: | 2015 | Publisher: | Филозофски факултет, Скопје | Source: | Сулејманов, Ф. и Спасовски, О. (2015). Проверка на психометриските карактеристики на Скалата на потреба за затворање, Психологија: Наука и практика, 43-55, Скопје: Филозофски факултет | Journal: | Психологија: Наука и практика | Abstract: | Целта на ова истражување е проверка на психометриските карактеристики на Скалата на потреба од затворање (Need for Closure Scale, Roets & Van Hiel, 2011). Конструктот потреба од затворање се однесува на потребата од когнитивно (сознајно) затворање, додека користената скала претставува кратка верзија која е составена од 15 ставки. По направениот вратен превод, емпириската анализа беше насочена кон анализа на ставките и анализа на главните компоненти. Користениот примерок од 217 испитаници претставува пригоден примерок, но, сепак, испитаниците беа избирани во однос на регионот на живеење во Република Македонија (источен, западен, централен и главниот град Скопје како посебен регион), полот (се водеше сметка за речиси еднаква застапеност на машки и на женски испитаници) и возраста (18–25 години, 26–40 години и 41–60 години). Резултатите покажаа дека Скалата има задоволителна внатрешна хомогеност и еднофакторското решение беше потврдено со употреба на паралелна анализа. Во дискусијата се разгледани недостатоците на спроведеното истражување и се дадени препораки за натамошни истражувања за потврда на резултатите и со примена на конфирматорна факторска анализа да се обезбедат докази за валидноста на конструктот. Засега, може да се заклучи дека резултатите од ова истражување посочуваат на меѓукултурна (во смисла и на македонска популација) потврда на конструктот потреба од затворање. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/1395 |
Appears in Collections: | Faculty of Philosophy 04: Journal Articles / Статии во научни списанија |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
ПРОВЕРКА НА ПСИХОМЕТРИСКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ.pdf | 112.59 kB | Adobe PDF | ![]() View/Open |
Page view(s)
140
checked on 24.7.2024
Download(s)
45
checked on 24.7.2024
Google ScholarTM
Проверете
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.