Ве молиме користете го овој идентификатор да го цитирате или поврзете овој запис:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/16297
Наслов: | ДЕГЕНЕРАТИВНО ЗАБОЛУВАЊЕ НА ЦЕРВИКАЛНИОТ СЕГМЕНТ ОД ‘РБЕТОТ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ЦЕРВИКОБРАХИЈАЛЕН СИНДРОМ | Authors: | Janevski, Petar Mitreska, Nadica Arsovska, Anita Janevski, Georgi |
Keywords: | МР надув дискус хернија рефракторна вратна болка `рбет |
Issue Date: | 2020 | Publisher: | SHMSHM - AAMD | Journal: | Medicus | Abstract: | Вовед: Една од главните причини за рефракторна вратна болка е дегенеративното заболување на цервикалниот сегмент од `рбетот. Наша цел е да го прикажеме типот на дегенеративното заболување на цервикалниот сегмент од `рбетот кај овие пациенти. Материјали и методи: Студијата е аналитичка-трансверзална студија во која беа користени МР прегледите на цервикалниот `рбет и податоците од прашалниот дизајниран за оваа студија. Фокусната група се состои од 98 испитаници на возраст од 35-70 год. со рефракторна вратна болка. Резултати: Нашата студија покажа дека кај 77 испитаници постои надув на еден или повеќе интервертебрални дискови додека кај 50 испитаници резултатите од МР на цервикалниот сегмент од ‘рбетот покажаа дека постои протрузија на еден или повеќе интервертебрални дискови. Ваквиот наод незначајно е асоциран и со трауматска повреда на вратот (Chi-square=0,54 df=1 p=0,46). Заклучок: Надув на интервертебрален диск на цервикалниот сегмент од ‘рбетот како патолошка промена е чест кај симптоматските пациенти и се регистрира кај 78,57% од испитаниците. Од друга страна појавата на дискус хернија не е толку честа и се јавува кај нешто повеќе од половина од испитаниците (51,02%). | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/16297 | ISSN: | 1409-6366 |
Appears in Collections: | Faculty of Medicine: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Опис | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Труд 2 ( Medicus).pdf | ДЕГЕНЕРАТИВНО ЗАБОЛУВАЊЕ НА ЦЕРВИКАЛНИОТ СЕГМЕНТ ОД ‘РБЕТОТ КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ЦЕРВИКОБРАХИЈАЛЕН СИНДРОМ | 335.63 kB | Adobe PDF | View/Open |
Записите во DSpace се заштитени со авторски права, со сите права задржани, освен ако не е поинаку наведено.