Please use this identifier to cite or link to this item:
http://hdl.handle.net/20.500.12188/18762
Title: | Обезбедување на ’антиципативен’ влез на правото на Европската Заедница – обврска или дискреција на судиите од државите-кандидати за членство во Унијата? | Other Titles: | Securing a ‘safe’ entry for EC law оn the national legal plane: obligation or discretion of the national judges? | Authors: | Cenevska, Ilina | Keywords: | Право на Европска Унија Право на ЕУ EU Law Европска интеграција ЕУ членство EU membership European Union, Western Balkans, Member States, enlargement. EU enlargement Проширување на ЕУ |
Issue Date: | 2009 | Publisher: | Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје | Journal: | Зборник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во чест на проф. д-р Владимир Митков (2009) | Abstract: | Правилната примена на правото на Европската Заедница е суштински предуслов за членство во Унијата, но она што од друга страна е интересно да се опсервира е една правна ситуација која неретко во претпристапниот период е присутна во внатрешното право на државите-кандидати за членство во Унијата. Евидентно е, кога ќе се погледне во претпристапната судска пракса како на уставните така и на обичните судови на голем дел од поранешните држави кандидати за членство денес полноправни членки на Унијата, дека тие, носејќи про-европски пресуди со про-интеграциска аргументација, му дадоа одреден индиректен ефект на правото на ЕЗ во нивните национални правни поредоци. Процесот на хармонизација е доста специфичен процес, меѓу другото, од причина што не може секогаш реско и егзактно да се разграничи кога тој (суштински, не формално-правно) почнува да тече. Дали тој отпочнува со започнувањето на преговорите за потпишување на договорот за асоцијација, дали можеби со самото негово потпишување, или пак со стекнувањето на статусот кандидат за прием во членство? Хармонизацијата не би смеела en bloc да се смета за завршена во моментот кога една држава ќе биде примена во членство бидејќи обврската за претпристапно хармонизирање на националното право која претходно постоела со стапувањето во членство добива поинакво име и зазема поинакви димензии, но во суштина станува збор за истиот, континуиран процес кој логички се надоврзува на процесот кој претпристапно се одвивал. Република Македонија како држава-кандидат за прием во членство во Европската Унија во моментов минува низ споменатиот процес на хармонизација и сите придружни политичко-правни процеси кои тој ги подразбира. Оттаму, можноста македонските судови во одредени случаи да дадат толкување на домашните правни акти на начин конзистентен со правото на Заедницата е сосема веројатна, но и посакувана околност во контекст на нејзините аспирации во блиска иднина да му пристапи на европското семејство. | URI: | http://hdl.handle.net/20.500.12188/18762 |
Appears in Collections: | Faculty of Law: Journal Articles |
Files in This Item:
File | Description | Size | Format | |
---|---|---|---|---|
Cenevska Anticipativen vlez Zbornik Mitkov.pdf | 348.92 kB | Adobe PDF | View/Open |
Page view(s)
46
checked on Jul 24, 2024
Download(s)
14
checked on Jul 24, 2024
Google ScholarTM
Check
Items in DSpace are protected by copyright, with all rights reserved, unless otherwise indicated.